Путин прави пат за екстра мандат
Руската Дума (Парламентот) одобри амандман на Уставот на Руската Федерација кој се однесува на ограничувањето на бројот на мандатите на претседателот на државата.
Амандманот го предложи партијата на претседателот Владимир Путин, Обединета Русија, а неговото донесување го бранела пратеничката Валентина Терешкова, инаку позната како првата жена космонаут.
Амандманот се однесува како на оној што бил на претседателската функција, така и на оној кој сега е на таа функција. Неговата суштина е да не се бројат мандатите на шефот на државата, во моментот кога амандманот ќе стапи во сила, што значи дека со него не се исклучува можност за нов мандат.
Путин никаде не се споменува, но и во руската, а и во меѓународната јавност донесувањето на еден ваков амандман на Уставот се означува како правење пат, сегашниот претседател да остане на позицијата и после истекот на неговиот сегашен втор, едно по друго мандат.
Медиумите од Москва пренесуваат дека за Путин донесениот амандман за ограничувањето на мандатот бил, како што рекол, „прифатлив“, но дека за тоа ќе требало да се изјаснат руските граѓани и Уставниот суд на земјата.
Во образложението, Терешкова рекла дека во случајов станувало збор за Русите и за руската иднина.
„Зошто да ги компликуваме работите и да создаваме непотребни пречки. Мораме да планираме чесно и отворено, или пак ограничувањето на мандатите да го тргнеме од рускиот Устав“
…рекла пратеничката Терешкова, која важи за силен поддржувач на Путин и на неговата внатрешна и надворешна политика.
Според неа – „ако тоа го бара ситуацијата и ако тоа го сака народот, сегашниот шеф на државата би требало да има право да се кандидира уште еднаш“!
Со сегашниот закон, Путин (68) има право на два мандати, еден по друг. Вториот истекува во 2024 година.
Овој поранешен офицер на КГБ, до сега е на власт 20 години, што е повеќе од Јосиф Сталин, а за четири години ќе го надмине и досегашниот рекорд во владеење, во поново време, што го држи Леонид Брежнев, генерален секретар на КПСС и советски лидер цели 24 години.
Доколку се тече како што се очекува да биде, Владимир Путин би останал лидер на Русија и по 2024 година, во уште два мандати.