Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

За Вајнстајн – 23 години затвор

wfpa/BigStock.com

За Вајнстајн – 23 години затвор

Поранешниот наградуван холивудски продуцент Харви Вајнстајн е осуден на 23 години затвор за силување и сексуални напади врз две жени. Максималната казна за овие кривични дела е 29, додека минималната пет години.

Адвокатите на Вајнстајн (67) ја критикуваа пресудата, означувајќи ја како премногу строга казна за еден тешко болен човек. „За него, дури и изрекувањето на најниската казна претставува ризик и би можела да биде фатална“ – изјавил еден од адвокатите кој рекол дека одбраната барала пониски казни.

Неговиот адвокатски тим смета дека и во текот на судењето, како што рекле, можело да се види некоректниот однос кон обвинетиот кому не му било дозволено да се брани и да сведочи во своја одбрана. Адвокатите на Вајнстајн, сепак, засега немаат најавено поднесување жалба на висината на пресудата.

Но жртвите и активистите за почитување на женските права ја поздравуваат пресудата, означувајќи ја како почеток за владеењето на правото во светот во кој живееше и делуваше Вајнстајн.

Според нив, казната не е воопшто превисока за сето она што се случувало во изминатите неколку децении, кога Вајнстајн правел што сакал, применувајќи насилство врз жените.

Околу 80 жени го обвинуваат дека биле жртви на сексуално насилство и обид за силување. Меѓу оние кои го обвинуваат Вајнстајн има и многу познати актерки од Холивуд, иако она за што тие го обвинуваат не е опфатено од кривичното право. Покрај оваа пресуда и казна, него го очекува уште едно судење, исто за силување и за сексуален напад.

Никој во филмскиот свет и во меѓународната јавност не го брани и заштитува Харви Вајнстајн, освен што се согласуваат дека тој плаќа за сите неморалности и за сето она што се случувало и се случува во светот кој се нарекува седмата уметност.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе