Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Доброволно тестирање во Грција за 300 евра

© filin174/Adobe Stock

Доброволно тестирање во Грција за 300 евра

Доброволното тестирање за коронавирус во Грција е можно и тоа чини меѓу 120 и 300 евра, доколку се пресмета и цената на специјалниот лекарски преглед- пишуваат грчките медиуми, потсетувајќи дека таквите тестови за обичен грип, чинат само десет евра, или максимално 70, со вклучен преглед на лекар.

Информацијата за тоа дека во оваа земја е можно приватно тестирање за да се утврди дали некој е заразен со опасниот вирус, се појави откако во Грција беше регистриран првиот смртен случај (едно возрасно лице со хронични здравствени проблеми), а бројката на заразените изнесува над 120 лица.

Тестови во Грција се прават за лица кои патувале, или биле во контакт со некој што престојувал во опасните зони, како Кина, Јапонија, Хонг Конг, Сингапур, Јужна Кореја, Иран и во Италија, како и ако лицето кое треба да се тестира е во групата на високо-ризичните за инфицирање, како што се сите здравствени работници.

Според медиумите во Атина, за доброволно тестирање, потребно е пријавување на специјален телефон на кој се дава историјата на патувањето во овие зони, или видот на контактите со некој кој бил во овие земји, а потоа потребно е да се набројат симптомите. Секаде, тие се истите- течење на носот, суво кашлање, зголемена телесна температура, почетни проблеми со дишењето, или болки во зглобовите и во мускулите.

После ова се добива право да се направи тест во некоја од 15 болници на територијата на Грција. Тестот се прави или со пластично стапче, или со стапче кое на врвот има памук, со земање примерок од носната шуплина и од грлото. Се вели дека резултатите може да бидат познати за шест часови.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Здравје

Горе