Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Бил Гејтс се „пензионира“

voevnore/Bigstock.com

Бил Гејтс се „пензионира“

Еден од основачите на „Мајкрософт“ – Бил Гејтс соопшти дека се повлекува од  Управниот одбор на компанијата, за да целосно и се посвети на хуманитарната и добротворната работа која веќе ја има започнато.

До 2000 година Гејтс беше извршен директор, што ќе рече, оперативно беше вклучен во секојдневното работење на „Мајкрософт“ . Но од тогаш тој почна полека да се повлекува од функциите и од работењето на компанијата , што во 1975 година ја има создадено заедно со неговиот тогашен другар Пол Ален.

Пред осум години тој ја напушти секојдневната работа во „Мајкрософт“ , а до 2014 година беше претседател на Управниот одбор. Сега се повлекува и од тоа позицијата член на одборот, што се толкува како негово „ пензионирање“ кога станува збор за компанијата. Во исто време, Гејтс се повлекува и од Управниот одбор на „Бекшир Хатавеј“ која инаку ја води еден друг милијардер- Ворен Бафет.

Засега е познато дека Бил Гејтс, сепак,  нема целосно да и сврти грб на „Мајкрософт“ , бидејќи се навестува дека тој би можел биде советник за технологија на актуелниот извршен директор .

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе