Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Иванка Трамп во домашна изолација

Debby Wong/Bigstock.com

Иванка Трамп во домашна изолација

Иванка Трамп, ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп која е вработена како советник во Белата куќа, останала дома во изолација, само како мерка на претпазливост, потврдено е официјално во Вашингтон.

Причина за ваквата мерка е нејзината средба и разговорот што го имала, минатата недела, со австралискиот министер за внатрешни работи, Питер Датон, кој соопшти дека е заразен со коронавирусот.

За ќерката на претседателот се вели дека „ нема никакви симптоми“ кои би навестувале дека и таа е заразена, но дека и покрај тоа, било одлучено  да не доаѓа на работа во Белата куќа, туку да остане дома и од таму да работи. Нејзиното работење од дома не се означува како „ самоизолација“.

Заразениот австралиски министер кој во време на средбата со Иванка во Вашингтон, не знаел дека е позитивен на вирусот, меѓутоа, се сретнал и со државниот обвинител на САД, како и со советничката на претседателот, Келејн Конвеј.

Американските медиуми не јавуваат дали и тие се во изолација и работат од дома. Не се јавува ниту што е со Џаред Кушнер, сопругот на Иванка и зет на претседателот Трамп кој исто така е советник во Белата куќа.

Медиумите, меѓутоа, откриваат дека била мерена телесната температура на сите луѓе со кои се ракувал Доналд Трамп во текот на прес конференцијата за мерките против коронавирусот, непридржувајќи се на заштитните мерки за неширење на опасниот вирус.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе