Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Израел ќе ги следи луѓето ставени во изолација!

shmeljov/BigStock.com

Израел ќе ги следи луѓето ставени во изолација!

Израелските власти најавија дека ќе ги користат методите и техниката што ја употребуваат во борбата со тероризмот, за следење и надгледување на заразените со коронавирусот кои се оставени во самоизолација.

За следење на овие луѓе ќе треба одлука на владата на Израел, како и согласност на тамошното Министерство за правда, затоа што мерката – колку и да може да биде разбирлива во сегашната ситуација, кога никако не може да се запре ширењето на вирусот – претставува повреда на приватноста на луѓето.

Како и да е, целта со користењето на техниката која во Израел е максимално разработена во долгата пресметка на државата со тероризмот, ќе треба да се овозможи брзо и многу полесно лоцирање на сите лица кои биле во некаков контакт со „сомнителните“ – односно со оние кои се ставени во изолација и кои се сметаат за потенцијално опасни за ширење на вирусот.

Владата во своето соопштение најавува дека „многу брзо ќе се почне со користењето на техниката на следење“ за овие лица, а претставник на Шин Бет, една од израелските тајни служби рекол дека владата веќе има побарано од нив, да се вклучат, со својата технологија, во одбраната на државата од коронавирусот!

Според Бенјамин Нетанијаху, кој една година е технички премиер на Израел, станува збор за „борба со невидлив непријател“ – како што го нарекол вирусот – а за таа борба е неопходно да биде лоциран каде е, мислејќи на оние лица кои се во изолација, но кои одржуваат контакти со надворешниот свет.

Не се соопштува ништо за тоа што ќе се случи со оние кои се во изолација, откако тајната служба ќе открие дека се огрешиле од здравствените прописи. А, посебно, не се кажува што ќе им се случи на оние кои „тајно“ контактираат со „сомнителните“.

Во Израел до сега има регистрирано 200 заразени лица. Властите од порано воведоа задолжителен карантин и самоизолација за сите Израелци кои ќе се вратат во земјата. Кога беше донесена оваа мерка, над 250 илјади израелски државјани беа некаде во странство.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе