Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Редови за марихуана во Холандија

cendeced/BigStock.com

Редови за марихуана во Холандија

Редови се формирале низ холандските градови, откако владата во Хаг објави нови, построги мерки во борбата против коронавирусот. Со овие мерки кои ќе важат до 6 април, се затвораат сите училишта, детските градинки, спортските објекти, сауните, рестораните и кафулињата.

Посебно возбудување има предизвикано одлуката – следните три недели – да не работат кафулињата, како и продавниците кои продаваат кафе, затоа што во нив (легално) може да се набавува (купува) марихуана.

Па, така, овие владини мерки ги натераа Холанѓаните да застанат во редови, за кои велат дека биле прилично долги. Но, за разлика од насекаде во светот, редовите не биле за тоалетна хартија, замрзната и конзервирана храна и средства за чистење, или за брашно, шеќер и тестенини, како што е тоа кај нас, туку за да се обезбедат со марихуана. Едноставно, да си направат каква-таква резерва за до 6 април.

Редовите се создале затоа што никој не ги очекувал новите, построги мерки на владата.

Според медиумите во Холандија, полицијата регистрирала и инциденти. Еден човек почнал засилено да кашла додека бил во редот, што ги истерал сите другите пред себе. Кога се открило дека човекот не е болен, туку дека сакал само побрзо да дојде до марихуаната, бил нападнат.

Во Холандија до сега се регистрирани околу илјада заразени со овој вирус и 20 починати.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе