Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Тестови врз луѓе на вакцината против коронавирусот

Little Ivan/Bigstock.com

Тестови врз луѓе на вакцината против коронавирусот

Во САД , во Институтот за алергија и за заразни болести од Сиетл, за прв пат врз луѓе е тестирана вакцина против коронавирусот.

Во оваа експериментална фаза што треба да трае шест недели, се вклучени 45 доброволци- сите здрави, возрасни луѓе. Секој од нив прима по една инјекција со вакцина, во растојание од еден месец.

Научниците од овој Институт веруваат дека имунолошкиот систем на овие луѓе добро ќе реагира на вакцината, која би можела многу да помогне во запирањето на сегашното ширење на инфекцијата со овој вирус. Вакцината е изработена во соработка со компанијата „Модерна“ која ги произведе и вакцините против САРС и МЕРС.

Првите четворица доброволци веќе ги имаат примено првите дози, а првата меѓу нив која примила вакцина против корона вирусот била жена- Џенифер Халер, мајка на две деца. Во изјава за американските медиуми таа рекла- „ Ова е извонредна можност за мене да направам нешто и да придонесам во ситуацијава со вирусот“.

Според научниот тим, вакцината што ја примаат не може да им наштети на доброволците. Тие нема да заболат од Ковид-19 , затоа што вакцината која им се дава содржи генетски код-копија на вирусот која не може да им наштети на овие луѓе.

Експерти , меѓутоа, сметаат дека се уште се потребни месеци за да се утврди дали оваа вакцина , или можеби некоја друга, по која трагаат и други, ќе може да ја запре заразата која сега изгледа незапирлива.

Освен САД, во потрагата по брзо откривање вакцина против коронавирусот трагаат и Кина, од каде тргна вирусот што го зарази светот, како и Германија, Русија и уште некои други земји.

Американскиот Институт во Сиетл, се наоѓа во сојузната држава Вашингтон, на западниот, пацифички брег, каде се појавија првите заразени пациенти во САД и на американскиот континент.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе