Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Том Хенкс и сопругата пуштени од болница

kathclick/BigStock.com

Том Хенкс и сопругата пуштени од болница

Американскиот актер Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон се пуштени од болницата во градот Голд Коуст (во близината на главниот град на Австралиската сојузна држава Квинсленд – Бризбен), каде беа на лекување од коронавирусот. И обајцата сега се подобро, но ќе мора да останат во самоизолација, во нивниот изнајмен дом во Австралија, додека се опоравуваат.

Синот Чет Хенкс ја има објавено веста за оздравувањето на неговите родители на Инстаграм.

Во веста тој вели дека Хенкс и Вилсон сега се многу подобро, порачувајќи и на јавноста дека луѓето треба да останат мирни околу вирусот и да не создаваат паника.

Том Хенкс (63) престојува во Австралија на снимањето на филмот за Елвис Присли.

Филмот го режира Баз Лурман, а во него Хенкс, инаку два пати наградуван со Оскар, го толкува ликот на „полковникот“ познатиот менаџер на Присли.

Рита Вилсон, пејачка и композитор, но и актерка и филмски продуцент, во тоа време имаше настапи во Бризбејн и во Сиднеј. Обајцата минатата недела имаат почувствувано општа слабост и треска, па се јавиле на лекар. На направениот тест за вирусот брачната двојка Хенкс-Вилсон се покажало дека се заразени.

Музичкиот продуцент и уредник на забавни програми Ричард Вилкинс, исто така, бил позитивен на тестот за коронавирусот. Во неделата во која Вилсон се има заразено, тој на два пати се среќавал со сопругата на Том Хенкс.

Во Австралија се регистрирани 375 случаи на заразени со овој вирус. Од нив во сојузната држава Квинсленд има 68 заразени лица.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе