Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

„Горење“ го запре производството

BalkansCat/Bigstock.com

„Горење“ го запре производството

Словенечката фабрика за бела техника и апарати за домаќинство „Горење“ го запре своето производство, поради епидемијата со коронавирусот. Прекинот на работата, засега , е определен на две недели до 5 април.

Сопственикот, кинеската фабрика „Хисенсе“ ги затвора и фабриките на „Горење“ во Чешка и во Србија. Ваквата мерка се објаснува со потребата да се има доволно репроматеријали за продолжување на производството , чиј пазар е нарушен поради глобалната пандемија, но и со цел да се заштити здравјето на вработените.

Колку што се знае, во словенечкиот погон на „Горење“ (засега) нема регистрирани случаи на заразени од смртоносниот вирус.

Словенечките власти, инаку, во изминатите недели ја имаат пофалено фабриката во Велење за грижата кон вработените, посебно на тие во производните погони, кои користат заштитни маски и на кои редовно им била мерена температурата.

Во фабриката  во Словенија има седум илјади вработени. Вкупно десет илјади луѓе работат во „Горење„ во три држави.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе