Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Мобилките ги откриваат недисциплираните Италијанци

zigres/Bigstock.com

Мобилките ги откриваат недисциплираните Италијанци

Уште од 10 март Италијанците се во карантин, а тоа значи дека не смеат да излегуваат од дома, освен за набавка на храна во продавниците и во аптеките. Исклучок е излегување за она што се нарекува „итна потреба“. Но од тогаш на неколкупати, владата ги заострува условите на карантинот, бидејќи заразата со коронавирусот никако не се смирува, а бројот на заболените и починатите постојано се зголемува.

Во последните 24 часа регистрирани се скоро 800 починати лица, што е досегашен рекорд, стапка на смртност што не се случи ниту во Кина, каде што се појави новиот корона вирус.

Дури 40 отсто излегуваат од самоизолација

Кинески медицински експерти кои се дојдени во Италија да помагаат и натаму тврдат дека многу луѓе има по улиците, што го сметаат за ризик за натамошно ширење на заразата.

За максимално заострување на мерките се одлучи и владата во Рим, откако  ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИТЕ компании откриле дека ПРЕМНОГУ  Италијанци продолжуваат да се движат надвор од своите домови и да не ја почитуваат наложената самоизолација. Ова е особено забележано во северната провинција Ломбардија, епицентарот на вирусот во Италија и најтешко погодениот дел од Италија.

Сознанијата на овие компании покажуваат дека во оваа провинција, дури 40 отсто од луѓето и натаму излегуваат и се рашетуваат, без некоја посебна потреба. Во ова се ставени и џогирањето кое и натаму се практикува , како и „ рекреативното“ возење велосипед- за прошетка, иако експертите тврдат дека и во овие активности постои ризик од заразување, или од пренесување на вирусот.

Војската повикана на помош

Властите велат дека не станува збор за никакво следење, или за повреда на приватноста на луѓето, зашто станува збор на сознанија кои ги имаат добиено самите компании следејќи ги повиците на мобилната телефонија, отфрлајќи ги обвинувањето на активисти за човекови права кои се спротивставиле на вака добиените сознанија.

Според италијанската полиција, меѓу 11 и 17 март, биле запрени над еден милион луѓе ( во Ломбардија) кои биле затечени на улица без да имаат потреба за тоа. Пријави до судовите се поднесени за над 45 илјади Италијанци.

Над половина од сите заразени во Италија се во провинцијата Ломбардија. Дури две третини од починатите пациенти се од ова подрачје.

Сега владата на премиерот Џузепе Конте ја повика војската да помага во ставање ред и за дисциплинирање на  луѓето во Милано, но и во низа градови во провинцијата. Речиси четири илјади умрени има до сега, а без малку 40 илјади с заразени во целата земја. Во Италија, 70 отсто од заразените, сепак, преживуваат.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе