Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Чиста водата низ каналите во Венеција

Anton Petrus/BigStock.com

Чиста водата низ каналите во Венеција

Морската вода во каналите низ Венеција, обично, е матна и досега на тоа никој и не обрнуваше внимание пред целосната убавина на овој италијански град, еден од најубавите во светот. Се до големата епидемија со коронавирусот која најтешко го погоди Северот на Италија, а посебно провинциите Ломбардија и Венето, на која му припаѓа овој град изграден главно на дрвени носачи-столбови, во калливиот брег на јадранската лагуна, целиот испресечен со бројни канали.

Масовната зараза од смртоносниот вирус и бројните мерки за ограничено движење и карантин, како и бегството на илјадниците туристи кои обично низ целата година се низ градот, предизвикаа Венеција да се испразни.

По каналите го нема оној препознатлив густ сообраќај на бродовите-лапорето (автобусите на градскиот сообраќај на вода), на бројните такси чамци, на малите бротчиња за пренесување стока, или големите крузери. И водата низ каналите се исчисти.

За прв пат, после многу децении, велат дека водата во венецијанските канали одново не е матна. Толку била проѕирна што пак можеле да се гледаат и рибите!

Ако пропадна годинешнава туристичка сезона, ако нема никакви гости кои до пред Нова година дури и ни пречеа, зашто мислевме дека ги има премногу, сега барем може да гледаме како се исчисти водата

…велат локалните луѓе кои поради забраните и самите не ги користат своите пловила, зашто мораат да седат дома.

Сликите од целосно празната Венеција, без ниту еден чамец во големите канали, која овие денови беше емитувана, делуваше по малку нестварно, но и морничаво. Сега е сосема јасно дека водата се заматува од премногу густиот сообраќај и од моторите на разните чамци кои го покренуваат калот на дното на каналите, правејќи ја водата да биде матна.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе