Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Илјада Јапонци го поздравија олимпискиот оган

vverve/BigStock.com

Илјада Јапонци го поздравија олимпискиот оган

Над илјада Јапонци се собрале во Фукошима, за да го видат и да го поздрават олимпискиот оган во нивниот град, иако годинешниве Олимписки игри се откажани и префрлени за идната 2021 година, поради глобалната пандемија со коронавирусот.

До пред два дена, јапонската влада и Меѓународниот олимписки комитет се уште зборуваа дека летната Олимпијада, сепак, ќе се одржи, онака како што е предвидено – во Токио, од пред крајот на јули и во текот на август. Но, работите брзо се променија кога неколку олимписки национални комитети и низа познати спортисти објавија дека нема да учествуваат на годинешниве Игри.

Организаторите затоа и побараа од населението на Фукошима – позната по катастрофалниот земјотрес и по силното цунами, кои во 2011 година го „избришаа“ ова место од површината на земјата – да не излегуваат на улиците за да го поздрават огнот што веќе беше тргнат низ Јапонија. Тоа го објаснија со епидемијата на коронавирусот.

Јапонија до сега има регистрирано 1860 заразени лица и 52 починати. Но, спортистите низ светот сметаат дека годинава нема никакви услови да се прави Олимпијада, особено што во услови на целосни забрани и полициски час во многу држави, тие немаат никакви услови да се подготвуваат. Посебно што никој не знае до кога ќе трае пандемијата и кога и како ќе се одржуваат пред олимписките турнири во сегашната блокада за патување и со приземјени авионски летови.

Олимпискиот факел, така, ќе се врати во Грција и догодина, огнот одново ќе се запали на Пелопонез, во античката Олимпија, за да тргне уште еднаш, преку Атина, на пат за Јапонија, каде шест недели ќе патува низ земјата-домаќин.

Ова е прв пат да се откаже една Олимпијада. Поради двете светски војни, Игрите не се одржани во 1916 и во 1940 и 1944 година.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе