Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Меган Маркл почна да работи

Меган Маркл почна да работи

Меган, војвотката од Сасекс, соопшти дека почнала да работи, откако нејзиниот сопруг, британскиот принц Хари и таа објавија во јануари дека се повлекуваат од кралските обврски кои ги имаа како дел од кралското семејство.

Нејзината прва работа е за филмската компанија Дизни и за нивниот најнов проект, документарецот „Слон“, во кој Меган Маркл учествува како наратор. Филмот ќе може да се гледа на каналите на компанијата веќе од 3 април.

Веста за ангажирањето на војвотката и за нејзината прва работна обврска ја има потврдено и компанијата Дизни, а веднаш потоа и кралската Бакингамска палата во Лондон, со едно сосема кратко соопштение.

Документарниот филм ќе се појави само три денови по формалното прекинување на врските на Хари, син на престолонаследникот Чарлс и шести во редот на претендентите за британскиот престол, како и на неговата сопруга Меган, од нивните досегашни ројалистички обврски, но и права кои им следуваа како дел од семејството на кралицата Елизабета.

Тие повеќе нема повеќе да бидат претставувани и нарекувани – „нивното кралско височество“ таму каде ќе се појават. Нивната хуманитарна организација, пак, веќе не може да го има зборот „кралска“ во насловот. Но, секако, не може да се избрише дека Хари е син и брат на идните британски кралеви, па ќе ги задржат титулите војвода и војвотка, кои им ги има доделено кралицата, но без ројалистичкиот предзнак. Сега тие се – Хари, војводата од Сасекс, а неговата сопруга Меган, војвотката од Сасекс.

Меган беше успешна актерка пред да го запознае Хари, да се омажи за него и да стане дел од кралското семејство.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе