Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

„Маракана“ станува болница!

Ranimiro/BigStock.com

„Маракана“ станува болница!

Спортскиот комплекс „Маракана„ во Рио де Жанеиро, во чиј состав е и познатиот фудбалски стадион, привремено ќе се претвори во болница (!) за борбата на бразилските здравствени власти со коронавирусот.

Вирусот во најголемата јужноамериканска земја се шири забрзано, па иако на целиот тој континент пандемијата се пресели подоцна отколку во Азија и во Европа, во Бразил официјално се регистрирани без малку 4000 заразени со Ковид-19. Само во последните 24 часови биле регистрирани уште 500 нови случаи. Досега од вирусот починале 111 лица.

Тоа, секако, е далеку помалку во споредба со заразата во Европа која ги урива сите досегашни рекорди на дневна смртност, достигнувајќи и до околу 900 починати за 24 часови,како што тоа се случува во Италија, пред се, или во Шпанија, но и во САД, каде заразата се шири со голема брзина. Бразилските епидемиолози, сепак, предупредуваат за потенцијалната експлозија од ширење на заразата, па веќе сега бараат можни решенија за масовно сместување на заболени.

Одлучено е како привремени болници да се искористат и спортските терени изградени, или обновени за светското првенство во фудбал, како и за последната Олимпијада, во Рио во 2016 година. Градските власти се уште се немаат одлучено за тоа колку кревети да бидат определени, како и дали би се поставувале на фудбалскиот терен, или во другите, затворени спортски објекти.

На „Маракана“ се одржани две светски фудбалски првенства – во 1950 и во 2014 година, а на овој стадион беше и свеченото отворање на Олимписките Игри пред четири години.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе