Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Матарела не оди на бербер

tinx/BigStock.com

Матарела не оди на бербер

Дел од телевизиската снимка од тоа како италијанскиот претседател Серџо Матарела се подготвува пред јавното обраќање до домашната јавност, по повод тешката ситуација со заразата, што јавниот ТВ сервис РАИ по грешка ја има емитувано, неочекувано, предизвика воодушевено одобрување на социјалните мрежи во Италија.

На тоа мало снимено парче се слуша како Матарела зборува со еден од своите соработници, обидувајќи се да ја поправи косата пред настапот. Неуспевајќи да ја среди како треба, се слуша како во еден момент претседателот рекол – Е, па ниту јас повеќе не одам на бербер- поради воспоставениот карантин кој трае низ целата земја неколку недели.

Во снименото јавно обраќање до Италијанците, претседателот ги повикува да издржат до крајот, до конечното поразување на епидемијата. „Ова ќе мора да се издржи, пред да биде доцна„ – мислејќи на долгиот карантин, како и на засега се уште неуспешната битка на здравствените работници и на владата со коронавирусот.

Претседателската палата, подоцна, се извинила за грешката со емитувањето на снимка направена пред да се сними специјалната изјава на шефот на државата. Но наместо критики (за РАИ) и за луѓето на претседателот, јавноста реагирала со поддршка за Матарела, за неговото однесување и за поистоветувањето со маките на обичните луѓе и со тоа дека и шефот на државата се придржува на владините мерки за целосен карантин.

Серџо Матарела (78) е поранешен судија на Уставниот суд, а како претседател е мошне популарен во јавноста, поради својата умереност и едноставност. По потекло е од Сицилија.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе