Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Карл Билт – „Политичко шоу со кинеската помош“

Golden Brown/BigStock.com

Карл Билт – „Политичко шоу со кинеската помош“

Шведскиот дипломат и политичар Карл Билт, сега ко-претседател на Советот на Европа, за надворешна политика, го критикуваше однесувањето на официјален Белград кон помошта на ЕУ за Србија за справување со глобалната пандемија, наспроти, како има речено, „политичкото шоу„ што беше изведено при пристигнувањето на таквата помош од Кина.

Билт, практично, реагира на пораката на Твитер на амбасадорот на Унијата во Белград, Сем Фабрици кој информира за пристигнувањето на европската помош за српското здравство (претходно Србија има примено и финансиски помош од осум милиони евра, во рамките на помошта за земјите од Западен Балкан).

Европската помош, сепак, поминала сосема незабележливо во домашната јавност, затоа што е премолчена од медиумите на власта.

Различен третман

Шведскиот дипломат, затоа, го обвинува претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ дека од доаѓањето на кинеските стручњаци и од испратените маски, распиратори и друга опрема, има направено „голема претстава“.

„Кога Кина испраќа помош, Вучиќ прави големо шоу, но кога ЕУ доделува многу позначајна помош, нема фанфари, а го нема ниту претседателот“

…има напишано Билт на својата страница на Твитер.

Станува збор за помпезниот пречек на авионот со помошта (за чиј лет до Пекинг и назад) пари има дадено токму ЕУ.

На пречекот како за шеф на некоја странска држава, присуствувал и зборувал српскиот претседател. При тоа, тој и се заблагодарувал на Кина и на тамошната комунистичка партија, нарекувајќи го „брат“ кинескиот претседател Си Џинпинг.

Белград се брани со закани

Реакцијата на Карл Билт е разбирлива, кога се знае колку многу пари Унијата и има префрлено на Србија, за развој и за унапредување на српскиот здравствен систем.

Но, таа е дел и од на неколку пати изразеното незадоволство на ЕУ (како и на САД) за тоа што официјален Белград продолжува да седи на две столчиња- да зборува за европски пат, да отвора поглавја од пристапните преговори, за што прима пари од европските фондови, а во исто време да има стратешки односи со Русија и да биде преплавена со кинески инвестиции.

На кусата забелешка на Билт, од Белград многу остро и недипломатски, заканувајќи се дека Србија „може и поинаку да игра“ (!?), прво реагираше претседателот Вучиќ, а потоа и премиерот Ана Брнабиќ. Веднаш потоа, меѓутоа, откако јавноста требаше да сфати кој е српскиот „вистински и искрен“ пријател, Брнабиќ на својот Твитер реагираше поинаку.

Пораката на Карл Билт таа ја оквалификува како „лажна вест“ за да се испрати, како што има напишано Брнабиќ – „силна политичка порака“, но дека ваквата вест била последица на „недостиг на информации“, а не на лоша намера.

Српскиот премиер при тоа признава дека во авионот од Кина имало и материјали кои Србија ги нарачала и не се никаква помош, а ја има потврдено и информацијата дека авионот со помошта и со кинеските стручњаци, летал со европски пари.

(Д.Б.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Западен Балкан

Горе