Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Одземен пасош за прекршување на карантинот

Netfalls/BigStock.com

Одземен пасош за прекршување на карантинот

Властите на Сингапур му го одзедоа пасошот на еден свој државјанин затоа што не ги почитувал мерките за карантин, што е воведен во државата за заштита од коронавирусот.

Човекот чиј идентитет медиумите не го откриваат е обвинет дека ги изиграл мерките за изолација, откако се вратил дома, во Сингапур од странство.

Според воведените мерки, требало да остане во самоизолација 14 денови, но тој наместо во карантин, после неколку денови отпатувал за Батам, во Индонезија, од каде претходно допатувал.

Кога пред неколку денови уште еднаш се вратил од патувањето, веднаш бил приведен и казнет со одземање на пасошот.

Властите ги предупредуваат своите граѓани дека доколку не ги почитуваат мерките за одбрана од вирусот, а посебно како овој државјанин на Сингапур – ги прекршуваат одредбите за карантин, не само што ризикуваат да останат без својот пасош и да не може да патуваат, туку може да бидат и кривично прогонувани.

Уште од времето на експлозијата на вирусот, во Вухан и во цела Кина, во Сингапур беа воведени строги мерки за заштита, особено што во оваа малечка држава над 75 отсто од населението го чинат Кинезите.

Изминатите две недели во низа држави од Југоисточна Азија, вклучувајќи го и Сингапур, се воведуваат дополнителни мерки за заштита, откако се утврди дека „странците“ односно оние кои се враќаат дома од некоја држава во светот, вклучувајќи ги САД и Европа, го носат со себе, назад, коронавирусот, предизвикувајќи раст на новозаболените.

Кина од каде тргна вирусот, соопшти дека повеќе нема да прима повратници, а такви мерки најави и јапонската влада.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе