Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Трамп- Добро е ако поминеме со 100 илјади жртви!

hganti777/Bigstock.com

Трамп- Добро е ако поминеме со 100 илјади жртви!

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека за САД би било „добро завршена работа“ доколку до крајот од кризата со коронавирусот завршат со 100 илјади починати ! Тој во меѓувреме се откажа од планот за покренеување на стопанската активност во земјата и враќање кон активниот живот околу претстојните Велигденските празници.

Според американските медиуми, администрацијата на Трамп ги има намалено претходно предвидуваните бројки за смртност од вирусот, што во првата фаза изнесувале дури 2,2 милиони луѓе. Затоа сега претседателот зборува дека би било „одлична работа“ доколку по завршувањето на глобалната пандемија, бројот на жртви од вирусот изнесува „само“ стотина илјади.

Забавена реакција

Корона-кризата во САД почна подоцна, откако претходно Трамп ја охрабруваше Кина да се справи со заразата која забрзано се ширеше во градот Вухан и околината, како и строгите мерки на кинеските власти за контрола на инфекцијата. Но, токму преку Кинезите кои по новогодишните празници допатуваа во Европа, вирусот се рашири прво низ европскиот континент, предизвикувајќи масовно умирање во Италија, а потоа и во Шпанија, како и хаос и колапс во здравството.

Во Америка заразата ја донесоа Кинезите, кои се населени на западниот американски, пацифички брег, во сојузната држава Вашингтон. Таму беа регистрирани првите случаи, а таму беше забележан и првиот починат пациент.

Но,  официјален Вашингтон, како и тамошните медиуми повеќе се занимаваа со судбината на Американците на бродовите – крузери, како и со изборната трка за номинација на демократската партија за претседателските избори, на есен.

И САД неподготвени

Кога коронавирусот дојде на американска територија, главно, од Американците повратници од Кина, Азија и од Европа, се покажа дека и САД со целата своја моќ- економско-финансиска, како и со силно развиениот здравствен систем, не се подготвени за епидемија од големи размери. Освен тоа, излезе дека немаат ниту план,  ниту стратегија , а уште помалку може да се договорат на кој начин и со какви мерки да се спротивстават на епидемијата која забрзано се ширеше.

Овие бројки за кои сега зборува претседателот Трамп, се правени според „ најцрно сценарио“ што значи , толкава би била една проектирана смртност доколку не се преземат никакви заштитни мерки и доколку не се стави заразата под контрола.

Изјавата на претседателот е на некој начин надоврзување на предупредувањето од директорот на националниот институт за алергија и заразни болести Ентони Фаучи, кој за Си-Ен-Ен има речено дека ако не се сузбие пандемијата во нејзиното ширење, многу е веројатно дека САД би го „платиле“ тоа со 100 до 200 илјади човечки животи.

Одложено покренување на бизнисот

Во САД забрзано се зголемува бројот  на заразените лица и на починатите пациенти, болниците се преполни со болни, нема доволно опрема, посебно распиратори колку што има заболени на кои им се потребни, а Њујорк се претвора во епицентар на вирусот во Америка. Во овој момент ништо не укажува дека земјата е блиску до „ пикот“ на заразата, но се менува свеста за тоа како да се реагора.

Белата куќа и Трамп не се согласија да го стават цел Њујорк во карантин од „ кинеско-европски“ тип како што тоа го бараат гувернерот на сојузната држава , но сега и претседателот зборува за ограничување на комуникацијата меѓу луѓето, за седење дома, за затворање на објектите во кои се собираат многу луѓе. Иако најавуваше дека би можело ограничувањата да завршат во првата недела од април, сега се продолжени до крајот на тој месец.

Социјалното дистанцирање на луѓето сега се сугерира како важна мерка која трае, а планираното покренување на американскиот бизнис, за средината на април, по тамошниот Велигден, сега се смета за „ премногу амбициозна мерка“. Иако досега полемизираше со своите критичари околу ова прашање, сега е крајно умерен во оптимизмот, порачувајќи дека „ништо не може да биде толку погрешно, колку прерано прогласување победа“.

(Д.В.)

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе