Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Бернаке – Ова не е како Големата депресија

Бернаке – Ова не е како Големата депресија

Поранешниот директор на американските Федерални резерви Бен Бернаке ја отфрли споредбата на сегашната економска криза, за која се верува дека сигурно ќе уследи како последица на глобалната пандемија со коронавирусот, со големата финансиска и економска криза во САД, позната како Големата депресија, од дваесеттите години на минатиот век.

Бернаке кој на функцијата беше во време на избувнувањето на последната голема светска финансиска криза во 2008/2009 година, инсистира дека станува збор за две сосема различни ситуации и за сосема различно време во кое се случувала онаа од пред без малку еден век и оваа која ја очекуваме да ни се случи сега.

„Друго време, поинаква криза“

Причините за првата криза се комплетно разликуваат од оние кои може да се врзат за кризата што се предвидува, откако ќе се елиминира пандемијата во САД и во светот.

И, конечно, условите во дваесеттите години и овие сегашниве, каков и да биде ударот, не се ниту малку слични. Според тоа, смета Бернаке во изјавата што ја има дадено за Си-Ен-Би-Си, не може никако да се споредува Големата депресија со она што би можело да ја снајде американската и целата светска економија во наредните месеци од оваа година.

„Депресијата беше последица на нешто сосема друго, во однос на кризата што ни ја создава пандемијата со коронавирусот“ – рекол Бен Бернаке.

Тој исто така сугерира и на потребата од умереност кога се даваат оценки и проценки за она што може да го предизвика вирусот, иако прифаќа дека какви да бидат размерите кои ги има епидемијата, таа секако, ќе предизвика криза во економијата.

Опоравок во 2021 година

Директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева, пак, смета дека светот веќе е влезен во рецесија, како и дека глобалната економија ќе мора да се врати назад од сите оние предвидувања и проекции кои се направени за оваа 2020 година.

„Рецесијата е неизбежна и таа најверојатно ќе биде и поголема од онаа во 2008/2009 година“ – има изјавено Георгиева во Њујорк, проценувајќи дека опоравувањето може да се очекува дури идната, 2021 година.

Според неа, опоравувањето кое ќе биде успешно доколку секаде успешно се преброди кризата со коронавирусот и ако се спречат проблеми со ликвидноста.

Поголема е заканата за државите кои се големи должници и кои и сега, како и од пред некое време, се соочуваат со големи долгови, смета директорот на ММФ.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе