Поврзете се со нас

Skopje Global

Брифинг/Weekly

САД – Ковид убива по 748 луѓе на ден

Songquan Deng/BigStock.com

САД – Ковид убива по 748 луѓе на ден

Во период од само едем месец, откако коронавирусот за прв пат беше регистриран во САД, болеста Ковид-19 стана третата најголема причина за смртност во земјата.

Според американскиот Центар за контрола и превенција, Ковид веќе „убива“ по 748 луѓе на ден. Пред овој вирус-убиец, се уште се само срцевите заболувања (1774 починати на ден) и канцерот, со дневна смртност од 1641 болни лица.

Овој вирус чие ширење се уште не може да се запре, за само 30 денови ја надмина смртноста од алцхајмеровата болест, од мозочен удар, хроничните болести на белите дробови и од сообраќајните несреќи на патиштата низ САД. Податоците на овој центар, од 2017 година покажуваат дека околу 650 илјади Американци, секоја година умреле од разни болести на кардио-васкуларниот систем, други, без малку 600 илјади починале од некој облик на рак, а пак, 170 илјади Американци загинале во сообраќајни несреќи.

Во средата (1 април) претседателот Доналд Трамп ги повика американските државјани строго да ги почитуваат мерките против ширењето на заразата, како и да се придржуваат на социјалното дистанцирање (да одбегнуваат дружење, посети, собирање во групи) предупредувајќи ги дека „ова сега станува работа на живот, или на смрт“.

Трамп рекол дека Американците ќе мора да ги издржат „тешките наредни две недели“ во кои во САД би можеле да починат и до 100 илјади луѓе! Тој признал дека „црните“ проценки на Белата куќа, направени заедно со експерти – епидемиолози, предвидуваат вкупната смртност, од коронавирусот, во следните 14 денови да биде меѓу 100 и 240 илјади починати.

Кина: Карантин во провинцијата Хенан

Кинеските власти, одново, воведоа карантин, сега во областа Џиа, околу 800 километри северно од главниот град Пекинг. Во областа, која е дел од кинеската провинција Хенан, во карантин се ставени околу 600 илјади лица.

Причината за ваквата мерка, во време кога Кина најавува постепено олабавување на одбраната од епидемијата, е откритието дека една жена била позитивна на тестот за вирусот, по контактот со едно лице за кое е утврдено дека немало никакви симптоми типични за болеста Ковид-19.

Властите наредиле целосна изолација на Џиа, не дозволувајќи луѓето да излегуваат од своите домови, без посебни дозволи, како и оние кои мора да одат на работа. Забрана е воведена и за користењето на автомобилите – ќе може да се користат секој втор ден, според бројот на регистарските таблички. Нема, меѓутоа, никакво објаснување за тоа што навистина се случува во областа, за воведувањето на вака острите мерки.

Кина има регистрирано нови 55 случаи за заболени со коронавирусот, а други илјада се ставени во изолација и се под постојан надзор. Сите овие нови случаи, кинеските здравствени власти ги врзуваат за дојденците во Кина, оние кои се враќаат во земјата, како и од „странци“ иако бројот на таквите е минимален.

Кина од порано ги има ограничено летовите од светот кон кинеските аеродроми, а сите кои сега би допатувале во земјата би требало да поминат две недели во карантин.

Филипини: Изолацијата се чува со оружје!

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте, познат по тоа што определени состојби и проблеми во државата често пати сака да ги разрешува со драконски мерки, во сегашната борба со коронавирусот на помош ја има повикано и полицијата, која, меѓутоа, има добиени овластувања да го употреби и оружјето во пресметката со оние кои предизвикуваат немири, создаваат проблеми и одбиваат да ги почитуваат мерките за карантин.

Дутерте дури се заканува и со запирањето на помошта што властите ја даваат во храна и во пари, во условите во кои сега се наоѓа Филипине, притеснета со пандемијата, со екномските проблеми што таа ги создава и со растечката невработеност.

Претседателот рекол дека нема да размислува многу непослушните остро да се казнуваат и со „отровни хемикалии“ за да се воспостави и за да се одржува редот, особено за оние кои сега (во одделни реони) ги напаѓаат лекарите и медицинскиот персонал.

Оваа голема островска земја во Југоисточна Азија беше меѓу првите нападната од коронавирусот, што почна да се шири надвор од Кина, а досега има регистрирано околу 2.500 заразени и стотина починати, што не е страшна бројка, во споредба со земјите кои ја опкружуваат, но властите стравуваат дека таа бројка ќе се покаже дека е поголема, затоа што дури сега ќе се почне со тестирање за да се утврди нивото на вистинската заразеност, а ќе се отворат и лаборатории за анализа.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Брифинг/Weekly

Горе