Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Грција го одлага славењето на Велигден

buso23/Bigstock.com

Грција го одлага славењето на Велигден

Грчката православна црква (ГПЦ) одлучи да го одложи празнувањето на христијанскиот празник Велигден, низ храмовите на цркавата во Грција, кој според верскиот календар е на 19 април, за крајот на мај. До тогаш се верува дека ќе помине сегашната пандемија со коронавирусот, па верските храмови ќе може одново да бидат отворени.

Црквата, претходно, има побарано од владата во Атина да дозволи Велигден да се празнува на тој начин што само свештениците, без присуство на луѓе-верници, ќе одржуваат божја служба во црквите. Но, властите и епидемиолозите не се согласиле ниту со едно вакво решение- да има славење на празникот, зад затворена врата.

ГПЦ го прифатила ваквиот владин став.

Синодот на ГПЦ на 1 април има одржано заседание преку видео-конекција, со кое раководел архиепископот Ероним. По заседанието , Синодот ги повикал верниците целосно да ги почитуваат владините мерки за ограничување на ширењето на вирусот и на здравствените власти, онака како што ги почитува и ГПЦ.

Црквата повика да не им се верува, а луѓето  да не ги слушаат и сите оние кои повикуваат да не се почитува забраната од владата. Според Синодот на ГПЦ, ваквото однесување не е во духот на црквата и не може да се оправда ниту во името на христијанството.

Колку што се знае, грчката црква е првата во православниот, христијански свет, која одлучи да го одложи славењето на Велигден, поради глобалната пандемија.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе