Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Почина легендарниот Бил Витерс

kathclick/Bigstock.com

Почина легендарниот Бил Витерс

Познатиот пеач, ѕвезда од седумдесетите години на 20 век, Бил Витерс, починал од компликации со срцето.

„Живееше мирно и повлечено, опкружен со своето семејство и со пријателите, но неговата музика секогаш му припаѓаше на целиот свет“- се вели во соопштението на неговата семејство за смртта на Витерс. Во неговиот музички опус ќе останат да се паметат големите светски хитови како „Ain’t no sunshine” и „Lean on Me“ , како и „Just the two of us” , “Lovely Day” и „Use me”.

Бил Витерс престана да снима и да издава нови композиции уште во 1985 година, но за музичките стручњаци тој ќе остане значаен затоа што има оставено силно влијание врз ритам/блузот музиката и врз хип-хопот.

Хитот „Lean on Me” ( Потпри се на мене) е создаден врз личното искуство на Витерс од неговата најрана младост, во Западна Вирџинија (САД) , во време на услови на сиромаштија во едно рударско гратче и тешките услови за работа со кои се соочувале луѓето. Луѓето во една таква ситуација си помагала меѓусебно, потпирајќи се еден на друг.

Во сегашните услови на епидемијата на коронавирусот во САД и мерките за изолација, овој стар хит одново станува популарен на социјалните мрежи, нудејќи ја основната порака- луѓето да си помагаат меѓусебно.

Бил Витерс имаше 82 години.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе