Поврзете се со нас

Skopje Global

Технологија

Вакцина против Ковид-19 од тутун!

vetre/BigStock.com

Вакцина против Ковид-19 од тутун!

Во трката за откривање и производство на вакцина против коронавирусот, колку што се знае, се имаат вклучено голем број европски и светски лаборатории и институти кои и обично се занимаваат со истражувачка работа.

Трката за спасоносната вакцина против, до сега, непознатиот, несовладлив и непредвидлив вирус, стана уште позначајна откако повеќемина епидемиолози почнаа да предупредуваат дека корона може да се претвори во сезонски вирус (како грипот) и да се јавува секоја сезона, барем еднаш годишно!

Па, во тоа трагањето за вакцина се вклучи и светскиот тутунски гигант Бритиш-американ Тобако (БАТ). Компанијата и официјално соопшти дека на откривање вакцина за коронавирусот работи и нивната биотехнолошка лабораторија, користејќи ги протеините изведени од листовите на тутунот.

„Кентаки Биопроцесинг“ (КБП) лабораториско-истражувачкиот центар на БАТ би можел да произведува и меѓу еден и три милиони дози, неделно, почнувајќи веќе уште од јуни – соопшти оваа компанија, барајќи при тоа помош од владините агенции, како и од производители. Ова откритие на тутунскиот гигант БАТ, во лабораторијата се развива врз сосема непрофитна основа.

Вакцината сега е во фаза на пред клиничко испитување. За нејзиното создавање – колку што засега се знае – се користи клониран дел од генетската секвенца на Ковид, за да се создаде анти-ген кој потоа се внесува во растението – во тутунот – за да се репродуцира.
Откако собраните анти-гени ќе се екстрахираат се прочистуваат и се внесуваат во телото (на луѓето) за да се борат со вирусот – се вели во соопштението на лабораторијата на БАТ.

Сите потенцијални откривачи на вакцина, како и компаниите кои би требало масовно да произведат- некои велат во 1,5 милијарди дози – проценуваат дека тоа не би можело да се постигне до крајот на оваа година.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Технологија

Горе