Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Нова семејна трагедија кај Кенедиеви

chayakorn76/Bigstock.com

Нова семејна трагедија кај Кенедиеви

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд, соопшти дека го пронашла мртвото тело на Мејв Кенеди-Таунсенд (40) , внука на Роберт Кенеди, сенатор и политичар од шеесетите години на 20 век. Таа и нејзиниот осумгодишен син, од петокот доцна попладне беа прогласени за исчезнати.

Телото било пронајдено во вода, длабока околу осум метри, на 4 км. од куќата на нејзината мајка, во местото Шејди Сајд, каде несреќната жена дошла да го помине викендот со своите три деца. Токму од тоа место, Мејв и нејзиниот син влегле во мал кану за да испловат низ езерото. Полицијата има сведоци кои виделе , од далеку, како две лица во мал чамец се обидуваат да довеслаат до брегот.

Смрт во превртено кану

Сопругот на починатата изјавил за медиумите дека несреќата најверојатно ја предизвикал силниот ветер кој го превртел кануто. Спасувачките екипи го пронашла малиот чамец превртен уште во петокот, но не и луѓето во него. Според сопругот, Мејв и нивниот син тргнале да ја достигнат топката која паднала во водата, а струјата брзо ја носела кон средината на езерото.

Локалната полиција и натаму трага да го открие и телото на удавеното дете.

Мејв Кенеди-Таунсенд е ќерка на поранешната гувернерка на Мериленд, Кетлин Кенеди-Таунсенд, инаку ќерка на Роберт Кенеди, кој беше министер за правда и федерален државен обвинител во владата на својот брат-претседател Џон Кенеди.

Внуката Мејв беше во администрацијата на претседателот Барак Обама, како специјален советник за борбата против Сидата, а има престојувано како доброволец во мировниот корпус во Мозамбик. Таа има работено во американското јавно здравство, како адвокат за човекови права и во институтот за глобално здравство на Универзитетот Џорџтаун, во Вашингтон.

Атентати и дрога

Оваа семејна драма ја отвора уште еднаш приказната за трагедиите со кои продолжува да се соочува семејството Кенеди, едно од најпознатите политички семејства во САД.

Во атентат во Далас ( Тексас) на 22 ноември 1963, беше убиен тогашниот претседател Џон Кенеди. Пет години подоцна, во 1968 година, во текот на претседателската кампања беше убиен и неговиот брат, сенаторот Роберт Кенеди, дедото на сега загинатата Мејв. За Роберт ( Боб) тогаш се зборуваше дека има големи шанси да биде избран за претседател. Беше застрелан во главата, од еден палестински имигрант.

Еден од неговите синови, во 1984 година почина од предозираност од кокаин. Друг син на Боб Кенеди, пак, поради рак на коските мораше да се подложи на операција по што ја загуби ногата, а подоцна и почина.

Во 1999 година, во авионска несреќа, додека сам пилотираше со еден мал едномоторен авион, загина синот на Џон Кенеди, заедно со неговата сопруга и нејзината сестра. Минатата година, од предозираност со дрога, беше најдена мртва и внуката на Џон Кенеди, инаку дете на неговата ќерка Керолин Кенеди, која едно време беше во американската дипломатија. Беше амбасадор на САД во Јапонија.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе