Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Почина „женската“ на Џејмс Бонд од „Голдфингер“

OSTILL.Bigstock.com

Почина „женската“ на Џејмс Бонд од „Голдфингер“

Британската актерка од постарата генерација, Онор Блекман почина во својот дом во јужна Англија. Во соопштението на нејзиното семејство се вели дека Блекман починала од природна смрт, во нејзиниот дом, по кусо боледување. Нејзината смрт не е поврзана со сегашната глобална пандемија со коронавирусот.

Во својата уметничка кариера таа има настапувано во низа телевизиски и филмски остварувања, но за најшироката филмска публика, а посебно за оние кои ги обожуваат филмовите од серијата за Џејмс Бонд, Блекман ќе остане запаметена како  една од најубавите „женски“ на британскиот таен агент.

Таа ја толкуваше улогата на Пуси Галор во филмот „Голдфингер“ (1964) . Филмските вљубеници се уште ја паметат репликата од филмот, кога Бонд ( неговиот лик го играше Шон Конери) прв пат ќе ја сретне и воодушевен од убавината на Галор (Блекман) во еден момент ќе рече- „Мора веројатно да сонувам“!

Во шеесетите години на 20 век, таа има настапувано во тогаш популарната телевизиска серија „ Одмазници“ која беше гледана и омилена и на поранешниот југословенски простор. Како многу млада Блекман се има појавувано и во неколку пропагандни филмови, снимени пред крајот на Втората светска војна.

Онор Блекман беше мајка на две деца и имаше четири внуци. Умре на 95 години.

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе