Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Почина жената што ја откри „аферата Луински“

Почина жената што ја откри „аферата Луински“

Линда Трип – жената која ја откри , а потоа ја обелодени „ аферата Моника Луински“ , која потоа предизвика политички скандал во САД и беше основа за да се  покрене постапка за импичмент против тогашниот претседател Бил Клинтон – починала од рак- откриваат американските медиуми.

Таа била вработена како администратор во Пентагон, па иако постара 24 години, станала пријателка со тогаш младата Моника Луински, која била ангажирана во админстрацијата на Белата куќа. Пријателството толку се зацврснало што Луински почнала да и се исповеда за разни приватни работи, па во една прилика и признала и дека е „ мошне блиска“ со претседателот .

Тајно снимање

По наговор на еден издавач на книги, Трип почнала да ја прашува се повеќе наивната Луински за „ блискоста“ со претседателот на САД, но во исто време  и да ги снима на аудио касети сите нивни телефонски разговори. Во една таква телефонска „ сеанса“ Моника и признала на Трип дека таа и Клинтон се во сексуална врска.

Подоцна, кога Трип го обелодени признанието, а потоа и кога откри дека за тоа  постојат и аудио снимки, уверуваше дека  на својот гест гледа како на „патриотска должност“.

Токму тие ленти му беа основниот доказ, на тогашниот Конгрес во кој републиканците беа во мнозинство, да изгласа покренување  постапка за импичмент, а на определениот специјален истражител да го „ спакува“ обвинувањето за Клинтон.

Случајот со тогашниот претседател , на тој начин се најде пред Сенатот на САД, кој требаше да пресуди . За разлика од случајот со Доналд Трамп, во јануари оваа година, обвинувањето против Клинтон во 1998 година беше многу полесно. Тој не беше обвинет за тоа што ја користел Овалната соба за сексуални активности со тогаш 24 годишната Моника Луински, туку за „ попречување на правдата“ затоа  што Клинтон постојано го менуваше исказот.

Хилари го спасува Бил

Практично, ја има излажано прво сопругата, а потоа и Американците, тврдејќи дека не ја познава младата адмнистраторка и дека со неа ништо не случило . Дури кога се појавија лентите, тој призна дека погрешил и јавно и се извини на американската јавност.

Клинтон беше на работ да биде сменет од функцијата, но го спаси сопругата Хилари Клинтон обвинувајќи ги републиканците дека од случајот прават  „политички , десничарски пуч“. Работата, на крајот ја завршија демократските сенатори кои беа во мнозинство во тогашниот Сенат и го ослободија претседателот.

Моника Луински престана да работи во Белата куќа и еднаш има признаено  дека била наивна што и верувала на Линда Трип. Таа, пак, по некоја година доби отказ од Пентагон и продолжи да ја брани својата постапка како – патриотска.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе