Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Шакали во паркот во Тел Авив

kavram/BigStock.com

Шакали во паркот во Тел Авив

Еден од најпопуларните паркови во Тел Авив, што е лоциран без малку во самиот центар на најголемиот израелски град, поради епидемијата на коронавирусот и острите мерки за карантин што ги има воведено владата, оваа пролет е празен – без посетители, најчесто деца и нивните родители – но, во предвечерието, наместо луѓе низ неговите патеки сега шетаат- шакали!

Во празниот парк, собрани во глутници тие се излежуваат на тревата, или дури делуваат како да си играат, но директорот на Ветеринарниот институт во Тел Авив изјавил за локалните медиуми дека шакалите во паркот не доаѓаат да си играат, туку да бараат храна.

Овој ветеринарен експерт рекол дека во периферијата на паркот се претпоставува дека живеат околу стотина од овие животни-мршојадци кои се населиле во паркот затоа што таму редовно има разна храна, што ја оставаат луѓето, при своите посети на паркот.

Сега кога ги нема луѓето, нема ниту храна, па шакалите кои важат за плашливи диви животни, се толку охрабрени што почнале да навлегуваат подлабоко кон центарот на паркот, а тоа значи и сосема да се доближуваат до центарот на градот, трагајќи по храна која се навикнале да ја наоѓаат.

Кога луѓето почнале да ги откриваат шакалите низ паркот кои инаку бегаат од нив, почнале да им оставаат храна за кучиња, што дивите животни многу брзо ја имаат прифатено. Директорот на ветеринарскиот институт, меѓутоа, предупредува да се престане со таа работа. Тој ги повикал жителите на Тел Авив да не ги хранат овие диви животни.

Опасноста е двојна – не само затоа што така би можеле да се соберат во многу поголем број, туку и затоа што шакалите може да станат опасни, бидејќи малку ќе им треба за да се претворат во агресивни, мешајќи се со луѓето – смета овој ветеринарски експерт.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе