Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Пол Макартни – Корона е како кинеска атомска бомба

Debby Wong/BigStock.com

Пол Макартни – Корона е како кинеска атомска бомба

Поранешниот Битлс, Пол Макартни (77) ја обвини Кина дека на целиот свет му „има фрлено атомска бомба“ со избувнувањето на пандемијата со коронавирусот и за тоа ги обвинува кинеските, како што рекол, средновековни и срамни пазари.

Тој смета дека овие пазари претставуваат голем ризик кој и натаму останува висок, изразувајќи надеж дека кинеските власти ќе успеат најпосле да се справат со нив.

Властите во Вухан, веднаш го имаат затворено пазарот за риба, морски плодови и за зеленчуци, на почетокот од избувнувањето на заразата во овој милионски град, што и тогаш и сега се означува како епицентарот на глобалната пандемија.

Сега се истражува дали токму таму, на тој пазар, е изворот на заразата која од Кина, преку Азија се префрли во Европа и во САД, кои се претворија во најголемите жаришта на пандемијата.

„Луѓето јадат лилјаци“

Во интервју за една американска радио станица, Макартни изразил надеж дека кинеските власти, конечно, ќе наложат супер-хигиена на овој и на сите вакви пазари во градот и низ цела Кина, забележувајќи дека „наликува на Средниот век, кога луѓето во денешно време, се уште јадат лилјаци“!

Станува збор за пазари на кои пазарџиите постојано истураат вода врз стоката што ја нудат, за да биде свежа, создавајќи локви со вода, кал и влага, а таму најчесто ја чистат и ја мијат рибата, продавајќи уште и кокошки (заклани и живи) како и свињи и свинско месо.

Во едни такви прилики, каде постојано тече вода, па пазарите и затоа се нарекуваат „влажни“ доаѓа до контакт на продавачите со голем број купувачи кои таму доаѓаат затоа што стоката која се нуди е многу поевтино, но тоа се места на кои хигиенско-санитарните услови се на најниско ниво.

Трите последни епидемии-кинески

Интервјуто на популарниот, некогашен Битлс, наиде на широк одглас во британските медиуми затоа што Макартни, можеби, е еден од првите познати јавни личности кои отворено укажува каде треба да се бара причината и вината за глобалната пандемија на коронавирусот.

Тој укажува дека токму ваквите пазари на кои пазарџиите, а и посетителите уште и се хранат, се главните виновници за оваа, но и за претходните епидемии – со вирусот Сарс и со птичјиот грип.

Според овој британски музичар, епидемиите тешко ги погодија и Кина, а и останатиот свет, иако сегашната пандемија со корона има стогодишни размери и е далеку над она што светот го снајде со првите две, како по обемот, така и по бројот на жртвите.

Но, заедничко за сите три е што сите тие дојдоа од Кина, токму поради ваквите „влажни“ пазари и средновековното практикување – на едно место да се продава и храна, и свежо месо и риба и животни – домашни, но не ретко и диви.

Вината на „влажните“ пазари

Макартни смета дека властите во Кина ќе мора веднаш сето ова брзо и енергично да го расчистат, пред се, со воспоставување санитарна хигиена, но и со затворање на пазарите кои останале од времето кога оваа земја живеела во Средниот век, сметаат критичарите.

„Не би било воопшто лошо за сите, доколку се обвинат само овие пазари, а не нешто друго“ – рекол Макартни во интервјуто.

„Влажните“ пазари се специјалитет на Кина, но нив ги има во поголемиот број држави во Азија. Проблемите со нив, се повеќе и помалку идентични како со оние во Вухан, но засега никаде не се прави обид барем да се доведат во некаков ред – кога станува збор за санитарната хигиена.

Некогашниот Битлс открива дека познати светски личности и „селебрити“ собираат потписи со петиција до Кина за да стави ред, или клуч на овие пазари.

Пол Макартни сега е „заробен“ во карантин во англиската област Сасекс, во куќата на својата ќерка, заедно со нејзиното семејство.

Сопругата Ненси, пак, е „заробена“ во Њујорк, кој е „епицентар“ на пандемијата во САД, ставена во карантин во нејзиниот апартман, не можејќи да патува во Лондон, затоа што е прекинат авионскиот сообраќај.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе