Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Корона е произведена во лабораторија!

shmeljov/BigStock.com

Корона е произведена во лабораторија!

Францускиот вирусолог Лук Монтањије тврди дека „новиот коронавирус НЕМА ПРИРОДНО ПОТЕКЛО и дека е произведен во лабораторија“. Овој француски научник е добитник на Нобеловата награда за медицина и за физиологија во 2008 година и тоа за успешното изолирање на вирусот на ХИВ.

„Дојдовме до заклучок дека се случила манипулација со овој вирус“

…рекол научникот во едно телевизиско интервју. Тој инсистира дека со овој свој заклучок никого посебно не обвинува, туку дека само ги изнесува фактите до кои тој има дојдено.

А, тие се дека вирусот корона нема природно потекло, туку дека станува збор за дело на молекуларни биолози. Она што се уште не е познато тоа е прашањето- која било целта да се направи вирусот.

„Мојата работа беше да ја изнесам вистинската ситуација. Требаше само да кажам за што станува збор и за фактите со кои располагаме. Никого, меѓутоа, не обвинувам. Не знам кој и зошто тоа го има направено“

…изјавил вирусологот Монтањије. Тој при тоа забележува дека тие што тоа го направиле „можеби сакале само да направат вакцина против вирусот на ХИВ“.

Повеќе земји и научници од почетокот ги обвинуваат Кинезите и нивните научници во лабораторијата во градот Вухан, каде е епицентарот на коронавирусот, дека се „случило нешто“. Односно, дека истражувањето и вирусот што бил создаден „излегол од контрола“ и се нашол надвор од лабораторијата.

Од властите во Кина се бара да ја соопштат вистината за вирусот кој предизвика глобална пандемија, каква немало во изминатите 100 години.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе