Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Евросонг во 2021 година – во Ротердам

Nattee Chalermtiragool/BigStock.com

Евросонг во 2021 година – во Ротердам

Холандија која требаше да биде домаќин на годинешниов Евросонг, се согласила да биде организатор следната година, откако годинешново натпреварување за Песна на Евровизијата се откажува и се префрла во следната 2021 година.

Според холандските медиуми, домаќин и следната година ќе биде Ротердам, чии градски власти се согласиле да ги покријат трошоците од 7,8 милиони евра, што биле создадени со откажувањето на годинешнава приредба.

Евросонг требаше да се одржи во овој холандски град од 12 до 16 мај, но беше откажан поради избувнувањето на глобалната пандемија со коронавирусот.

Европската радио-дифузна унија (ЕБУ) се обиде да изнајде некакво решение, со префрлање на евровизиското натпреварување во друг термин до крајот на оваа година, но очигледно е дека не се успеало.

Останува Евросонгот за оваа година трајно да се откаже, а целото натпреварување да се префрли за следната година. Не се знае дали тогаш ќе учествуваат земјите кои се пријавија за оваа година, или за Евросонгот во 2021 година, се ќе почне од ново- со нов конкурс, нови исполнители и нови песни.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе