И никотинот станува лек за Ковид!?
Истражувачите во Франција имаат откриено дека никотинот МОЖЕБИ заштитува од коронавирусот, јавуваат париските медиуми и откриваат дека една болница во Париз веќе работи на изработката на посебна студија користејќи ги сознанијата добиени при лекувањето на заболените пациенти.
Станува збор за хипотеза за заштитниот ефект на никотинот која се засновува врз нискиот процент на пушачи меѓу заболените во болниците низ Франција, но и низ светот.
Истражувањето во веќе споменатата париска болница било направено со 350 пациенти на болничко лекување, како и на уште 150 други кои имале полесни симптоми од корона вирусот. Меѓу нив само 5 отсто биле пушачи, што претставува мошне низок процент, со оглед на сознанијата дека над 25 отсто од Французите се стравствени пушачи.
Истражување со никотинските фластери
Врз основа на овие статистички сознанија и тргнала целата истражувачка работа, која ја има изненадено експертската, но и целата француска јавност.
Професорот Жан Пјер Шанго, од институтот „Пастер“ го објаснил сето ова со хипотезата дека никотинот се врзува за станичните рецептори со кои се користи и корона вирусот, па на тој начин го спречува вирусот да ги преземе, за да влезе во станицата и да почне да се раширува. Шанго е неуробиолог, специјалист за никотински и тој за целото ова истражување веќе има објавено и стручен напис во списанието на француската Академија на науките.
Истражувачките сега очекуваат дозвола од француското министерство за здравство за да почнат со истражувањето со помош на никотинските фластери и за тоа, како што е најавено, ќе користат разни дози.
Сите ќе ги користат за три видови различни испитувања. Првото, за фластерите како превентива за медицинскиот персонал во болниците, за да се утврди дали може ги заштити од заразата. Второто, како терапија за заболените кои се лекуваат во болниците, а третото за најтешките случаи, со пациенти кои се ставени во одделите за интензивна нега.
Ограничување на продажбата
Научниците предупредуваат дека целото ова истражување не значи рехабилитација на никотинот кого и натаму го сметаат за штетен за белите дробови, за срцето и кардио-васкуларниот систем, како и за вкупното здравје. Истражувањето не значи ниту поттикнување на пушењето.
Од пушењето и од цигарите, во Франција секоја година умираат над 70 илјади луѓе.
Веднаш по публикувањето на истражувањето околу никотинот и неговата потенцијална заштита од коронавирусот, француската влада донесе посебна уредба со која ја ограничува продажбата на никотинските фластери и на сите никотински замени кои ги има во аптеките и низ големите маркети.
Целта на оваа мерка е да се спречи раширувањето на приказната дека никотинот сега е лек, потоа да се избегне злоупотребата на истражувањето, но и за да се спречат ризиците по здравјето на луѓето, од прекумерната употреба сите овие никотински замени.
(Д.Ф.)