Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Пандемијата ги врати „Drive-in” кината во САД

vbacarin/Bigstock.com

Пандемијата ги врати „Drive-in” кината во САД

Пандемијата со коронавирусот ги затвори кино салите низ САД, но затоа ги враќа во мода т.н. „Drave-in” кина, подзаборавен модел на вечерна забава, главно за младите, уште од педесетите години на 20 век.

Станува збор за гледање  филмови од автомобил, паркиран пред голем екран, заедно со својата девојка ( или сопруга) , додека се јаде пуканки и се пие некој безалкохолен, газиран пијалак.

На ваквата „ретро“ забава се има досетено еден сопственик на до скоро запуштено вакво кино, во мало место во Флорида. Тој одлучил да им помогне на неговите сограѓани да излезат од дома и да се забавуваат гледајќи филмови, а при тоа да не ги нарушат строгите мерки на изолација и карантин. Но, секако, и за да му помогне во својот бизнис кој признава дека трпи многу поради пандемијата со корона.

„Старото клише дека животот  тече понатаму, односно дека „шоуто мора да продолжи“- сега веќе не е клише. Тоа станува начин на живеење, или како сега се нарекува – ново нормално живеење“- изјавил за локалните медиуми овој кино-оператор.

Порано вакви кина имало насекаде низ САД, посебно во топлите сојузни држави на југот од земјата. Сега се сосема исчезнати, пред налетот на современата технологија. Но, по неговиот модел во Флорида, набргу се отвориле уште 11 други вакви кина, на југот од Америка.

-Моето кино е единствено кое прикажува и најнови филмови, па во него доаѓаат гледачи и од подалечните градови, возејќи и по два и повеќе часови по автопатиштата- зборува досетливиот бизнисмен од Флорида. Тој уверува дека сите гледачи имаат на себе маски на лицето, ракавици и сите се паркираат на оддалеченост од најмалку два метри.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе