Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

„Има докази дека вирусот е направен во Вухан“

„Има докази дека вирусот е направен во Вухан“

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека постојат силни докази за тоа дека коронавирусот е создаден во лабораторија во кинескиот град Вухан кој уште од јануари е означен како епицентар на пандемијата.

„Постојат докази дека се тргнало токму од таму“ – изјавил Помпео за американските медиуми.

Според државниот секретар на САД, ова не е прв пат светот да е изложен на вируси поради пропуст на некоја од кинеските лаборатории. Помпео при тоа потсетил на историјатот на управувањето со кинеските лаборатории, за кое рекол дека е „под сите потребни стандарди“.

„Кина треба да признае“

Во изјавата, тој го критикувал начинот на кој Кина го решаваше целиот комплекс прашања и активности околу пандемијата, но Помпео не сакал да каже дали вирусот е намерно пуштен.

Изјавата на државниот секретар е всушност надоврзување на тврдењето на претседателот Доналд Трамп дека САД имаат докази оти корона потекнува од кинеска лабораторија.

„Точно е дека имаме такви докази и можам со сигурност да речам дека вирусот е произведен во Институтот за вирусологија во Вухан”

…рекол Трамп, но ни тој не дал детали за своето тврдење, признавајќи дека „тоа не му е дозволено“.

Минатиот месец во текот на еден од своите брифинзи с новинарите во Белата куќа, претседателот Трамп порача дека „доколку станува збор за грешка, за излегувањето на вирусот од контрола, тогаш може да се има разбирање. Кина ќе треба тоа да го признае. Но, ако вирусот е намерно пуштен, тогаш Кина има добро да плати“.

Светот бара одговори

Официјален Пекинг на неколку пати досега има остро реагирано на ваквите обвинувања. Тамошните власти инсистираат дека вирусот има животинско потекло и отфрлаат можноста коронавирусот да е произведен во лабораториски услови.

Кина се противи и на покренување меѓународна, независна истрага за тоа како дојде до појавата на вирусот и до неговото брзо раширување низ светот, во форма на пандемија каква што немало сто години.

Пекинг дури и се закани на Австралија што се залага за една ваква истрага, со раскинување на трговските врски меѓу двете земји.

Повеќето од земјите во светот, сепак, сакаат да разберат како дојде до сега да има над 3,6 милиони заразени лица и 250 илјади починати пациенти низ целиот свет – најголемиот дел од нив во САД и во Европа. Во САД досега се починати без малку 69 илјади заболени, а по бројот на смртноста, Британија ја достигна Италија која многу рано стана европскиот Вухан и прва воведе целосен карантин.

„Имало манипулација со корона“

Научниците од разни земји, ако се отфрли настрана политиката, не се единствени за потеклото на вирусот кој предизвика глобална здравствена и економска криза.

Но, научниците од познатиот француски институт „Пастер“ уште пред две недели објавија дека коронавирусот е лабораторска творба!

Францускиот вирусолог Лук Монтањије, добитник на Нобеловата награда за медицина и физиологија за 2008 година, изјави дека „новиот вирус нема природно потекло”, односно дека е произведен во некоја лабораторија.

„Дојдовме до заклучок дека имало манипулација со овој вирус. Никого не обвинуваме, само ги изнесуваме фактите до кои дојдовме при испитувањето. А тоа значи, дека вирусот е дело на молекуларни биолози“ – рекол Монтањије за француските медиуми, во изјава што тогаш ја пренесе и Скопје/Глобал.

Францускиот нобеловец при тоа има речено дека тој не знае која била целта за да се создаде вирусот.

„Не знам, можеби сакале само да направат вакцина против еден друг вирус – вирусот на ХИВ“ рекол Лук Монтањије.

(С.Г.)

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе