Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Адел со речиси 50 кг. помалку

DFree/BigStock.com

Адел со речиси 50 кг. помалку

Британската пејачка ѕвезда Адел го прослави својот 32 роденден на тој начин што на светот му го покажа својот нов изглед.

За една година таа е ослабната 50 кг. па толку многу намалената тежина ја прави речиси непрепознатлива.

Така реагирале и повеќето од без малку десет милиони фанови и вљубеници во нејзината музика и песна на интернет, откако Адел има ставено своја нова фотографија, облечена во еден црн и „вистински мал и тесен фустан“ . Со таа фотографија, со својот комплетно изменет лик, пејачката им се заблагодарува на сите за честитките испратени до неа по повод роденденот, но повеќето од нив реагирале со коментари за нејзиниот сегашен изглед.

Адел во Декември 2012. Фото: s_bukley/BigStock.com

Манекенката Криси Тајпен име речено дека, едноставно, не верувала оти на сликата е Адел. Други пак имаат напишано- што се случи со Адел што ја познававме и ја сакавме. Сите, меѓутоа, прашуваат како тоа воопшто можело да и успее.

Новиот лик и (за досегашната Адел) малечката половина, наводно, ги има постигнато со т.н. СИРТФУД диета.

Адел во Февруари 2013. Фото: s_bukley/BigStock.com

Станува збор за исхрана која се засновува на земање храна што го поттикнува создавањето на ензимот СИРТУИН. За него, велат, влијае врз метаболизмот на тој начин што побрзо ги согорува калориите.

Лекарите, сепак, и натаму предупредуваат на максимална претпазливост при преземањето на вакви ригорозни диетални терапии.

Адел во Мај 2020.

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе