Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Луѓето со крвна група „А“ – повеќе загрозени

galinadvorak/BigStock.com

Луѓето со крвна група „А“ – повеќе загрозени

Луѓето со крвна група „А“ се повеќе загрозени од коронавирусот, додека оние кои се носители на групата „О“ се (условно речено) побезбедни во борбата со вирусот – покажува истражувањето што го имаат направено кинеските вирусолози.

Истражувањето било правено во епицентарот на вирусот – во кинескиот град Вухан – од каде тргна и пандемијата и се рашири низ целиот свет, меѓу луѓето кои веќе биле заразени.

Различна силина

Уште од времето кога избувна епидемијата, научниците, не само во Кина, туку и низ светот, се обидуваат да откријат зашто вирусот со различна жестина ги напаѓа луѓето. Едни во многу тешка и опасна форма, а другите во многу полесна- па тие поминуваат со болеста, како да прележале обичен грип, а не Ковид-19.

Дилемата на научниците се засилува и затоа што кај некои од пациентите симптомите на вирусот минувале речиси без никакви тегоби, само со посилно и малку подолготрајно кашлање од обично. Кај други пациенти, меѓутоа, симптомите се манифестираат со акутни респираторни проблеми кои се покажа – насекаде – може да бидат и фатални.

Кинеските експерти затоа почнале да ја анализираат генетиката на крвните групи на пациентите. За таа анализа ја користеле крвта земена од 2173 заболени пациенти во болниците од Вухан.

Крвната група „О“ – најбезбедна

Истражувањето покажало дека оние со крвна група „А“ се соочуваат со зголемен ризик да го „закачат“ вирусот и да се разболат.

Оние, пак, кои биле носители на групата „О“ биле најмалку ризична категорија.

Научниците се согласуваат дека станува збор само за анализа добиена врз истражување на мал број луѓе и сите од само едно подрачје на Кина, но тие откриваат дека исти вакви резултати имаат добиено и при истражувањето на заболените во случајот со епидемијата со вирусот САРС, од пред 17 години.

Истражувањето направено меѓу заболените жители на Вухан покажало дека 32 отсто од инфицираните биле со крвна група „А“, 26 отсто со групата „Б“ , додека 25 отсто биле од крвната група „О“. Преостанатите 11 отсто биле од групата „АБ“.

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Здравје

Горе