Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Надал: Ѓоковиќ ќе мора да се вакцинира

jctabb/BigStock.com

Надал: Ѓоковиќ ќе мора да се вакцинира

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, изјави дека „ако биде потребно и доколку тоа се бара, и Новак Ѓоковиќ, ќе мора да се вакцинира за да може да игра“.

Изјавата на Надал, вториот рекет во светот, претставува реакција на контроверзната порака на српскиот тенисер дека тој е против тоа да им се наложи задолжително вакцинирање против коронавирусот на тенисерите (кога ќе се најде вакцината). Ѓоковиќ рекол дека тој е против вакцинирањето (воопшто) и дека не би сакал „некој“ да му наложи да направи нешто што не сака, како и дека не сака да биде ставен пред одлуката – да се вакцинира, или воопшто да не настапува на тениските турнири.

Јас, пак, не барам од луѓето да направат нешто што не сакаат. Но, ако се учествува на турнир, тогаш играчите мораат да ги почитуваат правилата. Па, така и Новак (Ѓоковиќ) доколку сака да игра ќе мора да се вакцинира. Како што ќе направам јас и сите другите.

…рекол Рафаел Надал.

Одбрана од „антиваксерите“

Претходно дадената изјава на светскиот рекет број еден, предизвика бранување во тениската јавност и посебно во српската. Таму дури реагираше и главниот епидемиолог на Република Србија, Предраг Кон кој го предводеше експертскиот тим во борбата со коронавирусот во оваа земја.

„Те ценам многу како тенисер и навивам за тебе, но би те замолил – повеќе немој јавно да зборуваш за вакцинирањето“ – му порача Кон на Ѓоковиќ. Според објаснувањето на епидемиологот, со својата изјава тенисерот, како позната и популарна личност, зад која има голем број следбеници кои му веруваат, веќе има направено штета кон политиката на државата за задолжителното вакцинирање, како незаменлива мерка во борбата со вирусите, а за заштита на луѓето и на јавното здравје.

Групата на „антиваксерите“ во Србија побрза да го заштити Ѓоковиќ, но неговите колеги, тенисери со кои настапува на турнирите, се спротивставија на ставовите на српскиот тенисер, а некои дури и му порачаа да не игра, ако не сака да се вакцинира.

Правилата мора да се почитуваат

Светската тениска федерација (и кај мажите и кај жените) размислува да се наложи само вакцинирани играчи да може да патуваат по турнирите низ светот. Доколку тоа стане правило, тогаш секој што ќе сака да настапува ќе мора и да биде вакциниран.

За почитување на правилата се залага и популарниот Рафа.

Тој е победник на 19 гранд-слем турнири. Најдобар засега е Роџер Федерер кој има освоен 20 вакви титули. Трет е Ѓоковиќ со 17 гранд-слем победи. Според стручњаците тој е најблиску до можноста да освои најмногу слемови, па во српската јавност тоа се користи за да се развивива теоријата за некаков наводен „заговор“ против Новак – да не ги престигне Рафа и Роџер!

Шпанецот, пак, рекол дека најважно од се му е да биде запаметен како добар човек и да биде среќен. „Ако не бидам прв по слемовите, тоа за десет години нема да влијае врз мојата среќа“ – рекол Рафаел Надал.

 

 

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе