Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Шведска со највисока смртност во Скандинавија

Pellebo/BigStock.com

Шведска со највисока смртност во Скандинавија

Од почетокот на пандемијата со коронавирусот, Шведска е цел на посебно посматрање, како на епидемиолозите, така и на европската јавност, затоа што се определи на систем на лабави мерки за заштита од ширењето на епидемијата.

За разлика од другите во Европа, а посебно од Италија која започна прва, а потоа и од Шпанија и Франција кои го следеа нејзиниот „модел“ со воведување вонредна ситуација и целосен карантин, шведските епидемиолози, поддржани од владата во Стокхолм, сметаа дека целта – држењето на пандемијата под контрола – може да се постигне и без ваквите „тврди“ мерки кои ги испразнија европските градови.

Модел под сомнение

Шведска се определи за стратегија на полуизолација.

Тоа во пракса значеше забрана за собирање на повеќе од 50 лица и целосна забрана на посета на домовите за стари лица кои така, единствени, беа во вистински карантин. Се друго беше оставено на „свеста на граѓаните“ – маските, ракавиците и социјалното дистанцирање. Во шведските градови продолжија да работат кафулињата и пабовите, а сликите што доаѓаа од шведскиот главен град покажуваа, без малку, релаксирана атмосфера во која нема никакво дистанцирање од два метри меѓу масите.

Сега, кога ЕУ и Европа почнуваат со постепено олабавување на карантинот, продолжувајќи и натаму да бројат раст на заразени лица и на починати пациенти, билансот на Шведска не одговара на уверувањето дека земјата успешно ќе се носи со пандемијата, и на својот начин, што поголемиот број епидемиолози не го одобруваа.

Податоците на тамошните здравствени власти покажуваат дека земјата има регистрирано над 25 илјади заразени лица, а бројот на починатите изнесува без малку 3200, откако само меѓу петокот и саботата починале уште 135 пациенти. Оваа бројка последниве денови постојано расте. Во овој момент, повеќе од 2500 заболени се на одделенијата за интензивна нега, повеќето ставени на респиратори.

Три пати повеќе од Данска

Тамошните епидемиолози продолжуваат да уверуваат дека заразата и понатаму е под нивото на капацитетите кое го имаат шведските болници (сметајќи ги и креветите во интензивна нега), што ќе рече дека е под контрола.

Но, оваа земја од десет милиони жители има 314 починати лица на еден милион жители, што ја прави Шведска да биде со најголема смртност во Скандинавија.

Смртноста во Шведска, секако, е далеку под нивото на една Белгија, која е прва во светот со 730 починати на милион население, како и под нивото на Шпанија (558) или на Италија (491). Меѓутоа, шведскиот „црн биланс“ е далеку пред оној во Данска, каде има 87 починати пациенти на милион жители, или на Финска со 46 и Норвешка, со 40 умрени болни лица на еден милион население.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе