Поврзете се со нас

Skopje Global

Брифинг/Weekly

Белата куќа под маски

Пенс и Трамп на прес брифинг во Белата Куќа, Април 2020. Фото: Official White House Photo by D. Myles Cullen

Белата куќа под маски

Белата куќа во Вашингтон, за прв пат, е со заштитни маски за лицето, како една од најраспространетата мерка за борба со пандемијата од коронавирусот. Со маски се најголемиот број од вработените во администрацијата на Белата куќа.

Станува збор за наредба која мора да ја почитува целиот персонал кој влегува во т.н. Западно крило, каде се работните канцеларии на претседателот на државата и каде тој престојува во текот на денот.

Ваквата одлука делува по малку задоцнето, со оглед на веќе долгата и тешка битка на САД со пандемијата која најтешко ја погоди токму Америка, но таа е итно донесена откако две лица од администрацијата се тестирани позитивни на вирусот. Едниот заразен е советничка на потпретседателот Мајк Пенс, а другиот е прислужник на претседателот Доналд Трамп, кој веќе е и заболен од Ковид-19.

Но, самиот Трамп не носи маска на лицето и порача дека нема да ја користи при контактите со луѓето со кои работи. „Нема потреба за тоа, ниту за некакви строги мерки на заштита. Јас сум далеку од било кого од персоналот“- има речено претседателот.

Тројцата негови водечки советници кои минаа со него низ сите недели од борбата со коронавирусот, меѓу кои најпознат е др. Ентони Фаучи, одлучија самите да се стават во самоизолација. Засега не е познато како овие двајца од персоналот на Белата куќа се заразиле и особено каде го „закачиле“ вирусот.

Почина Британка намерно заразена со корона!

Една Британка, вработена како касиерка на железничката станица Викторија во Лондон, починала во една тамошна болница, откако НАМЕРНО била заразена со коронавирусот. Оваа 47 годишна жена и мајка починала од тешки проблеми со респираторниот систем.

Според изјавата на нејзиниот сопруг, дадена за лондонските медиуми, таа била нападната на еден од пероните на станицата од непознато лице. Човекот и пришол и се внел во лицето и рекол дека е заразен со Ковид-19, а потоа ја плукнал во лицето и намерно и се искашлал. Со неа била и уште една нејзина колешка. Нападот со ништо не бил испровоциран, но двете набргу потоа се разболеле – заразени од корона.

Директно нападната жена била потежок пациент, очигледно потешко заразена од напаѓачот. Ставена на вентилатор, лекарите се обидувале да ја спасат, но не успеале во тоа. Нејзината борба за животот траела само три денови.

Нејзиниот сопруг сега бара истрага од управата на станицата Викторија, за тоа кој наредил – несреќната жена наместо да ја работи својата вообичаена работи, во една од касите за продавање возни билети кои се затворени и целосно изолирани, тој ден да биде префрлена за да работи на отворено, меѓу бројните патници, давајќи им информации на оние кои тоа ќе го побараат.

Случајот сега е означен како „трагичен инцидент“. Досега од корона се починати 42 вработени во компанијата „Транспорт за Лондон“, која ги покрива метрото, како и дел од автобускиот сообраќај.

Други десет жртви има меѓу вработените во железницата.

Сеул го прекина олеснувањето на карантинот

Властите во Јужна Кореја одлучија да го прекинат процесот на олеснување на карантинот во земјата и тоа тогаш кога се подготвуваа на светот да му покажат дека ја „победиле“ пандемијата. Причината за ваквата одлука на владата е создавањето жариште со корона и тоа во главниот град Сеул, во еден ноќен клуб.

Истрагата е во тек, но засега се знае дека едно лице, или неколкумина биле заразени и се нашле во толпата во клубот што почнал да работи откако владата најави укинување на карантинот. Набргу по тоа, сто лица од клубот се регистрирани како заразени со вирусот.

Властите признаваат дека укинувањето на мерката за социјално дистанцирање, можеби, била избрзана и дека враќањето во нормален живот ќе оди потешко и побавно. Токму затоа владата одлучи да ја повлече одлуката за отворање на училиштата, стравувајќи од ново распалување на пандемијата.

Во Јужна Кореја се спроведуваат интензивно тестови на населението и тој модел се нуди и за други земји, за искоренување на заразата. Но, сега е откриено дека во квартот каде се собирала геј заедницата имало случаи гостите лажно да се претставуваат за да се прикаже дека го минале тестот за вирусот, како негативни. Се стравува дека вакви случаи можеби има и на други места- не само за влез во некој ноќен клуб, или бар.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Брифинг/Weekly

Горе