Во Шпанија – прво 14 дена во карантин
Сите кои ќе влезат во Шпанија по 15 мај, во посета (или за било која друга причина) ќе мора прво да поминат две недели во карантин, пред да можат да излезат на улиците на Мадрид, Барселона, Валенсија, Севиља, или било кој друг град, или одморалиште во државата. Што ќе рече – вистински да влезат на шпанска територија.
Ова е суштината на новиот закон што од вторникот (12 мај) е во сила. Неговата цел, според толкувањето на шпанската влада е да ја ограничи можноста за покренување на ново раширување на вирусот, што може да настане со меѓународниот транспорт на луѓе.
Карта за локација!
Со законот им се наложува на туристичките агенции и на транспортните компании задолжително да ги информираат своите клиенти за овие нови прописи, пред да им продадат карти за патување во Шпанија. Авионските компании, пак, мора бидат уверени (сигурни) дека патниците имаат – карта за локација – во случај да мора со нив да се контактира, по патувањето (доаѓањето во земјата).
Овој закон во Мадрид како дел од владините мерки за постепено олабавување на строгиот карантин. Шпанија после седум недели полека им дозволи на Шпанците да излезат од домовите и од изолацијата во кои се наоѓаа.
Земјата, после Италија, има поднесено најголеми жртви од „кинескиот грип“ и од глобалната пандемија. Околу 270 илјади лица се заразени од коронавирусот. Дури 27 илјади пациенти починаа, што ја нареди Шпанија да се најде и пред Италија и да се „бори“ за второто место во светот, со Русија, кога станува збор за инфицираните.
Мерките за олеснување на мерки за карантин и изолација на населението се носат како последица на постепеното смирување на пандемијата, иако таа и натаму е присутна и продолжува да одзема човечки животи, поради притисокот на јавноста дека повеќе не може да ја издржи изолацијата, но и за постепено заживување на економијата.
Кој ќе го плати карантинот
Шпанија е една од европските и светски велесили во туризмот и пандемијата предизвика огромни штети за оваа гранка, но експерти проценуваат дека новиот закон тешко ќе натера некого да дојде на одмор, во посета или на летување во некои од шпанските градови и одморалишта. Посебно, што ќе мора да преседи во карантин две недели.
Прашања на кои нема одговор има повеќе, а пред се – кој ќе го плати престојот во изолација. Освен тоа, малкумина се оние гости што може да си дозволат да поминат еден месец во Шпанија – сметајќи го времето на карантинот.
Доколку законот остане во сила во текот на целото лето, станува јасно зашто најголемиот број од земјите во ЕУ им сугерираат на своите државјани да останат дома – одморот ако воопшто и одат некаде, да не го минуваат во странство.
Оваа шпанска мерка, размислуваат да ја применат и другите европски земји – како Грција и Британија, на пример. Британците ја најавуваат веќе две недели, но како што велат во Лондон, не знаат како тоа да го изведат, а сите да бидат задоволни и вирусот да не се рашири.