Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Портпаролот на Путин болен од Ковид

OkorokovaNatalya/BigStock.com

Портпаролот на Путин болен од Ковид

Дмитри Песков (52) портпарол на рускиот претседател Владимир Путин е болен од Ковид-19, соопшти руската државна агенција РИА-Новости. „Се разболев и сега се наоѓам на лекување во болница“ – изјавил Песков.

Тој нема дадено други детали за неговата здравствена состојба, ниту за болеста, која е последица од заразувањето со коронавирусот, или пак за тоа од кога не се чувствува добро. Не е ниту јасно кога последен пат се наоѓал блиску до претседателот на државата, а во Москва велат дека тие двајцата се многу често заедно.

Официјално, Песков е вториот висок функционер на претседателскиот кабинет во Кремљ кој е заразен со вирусот во изминатите три недели. Пред него, од Ковид има заболено и заменик шефот на кабинетот Сергеј Кириленко. Кога беше потврдено неговото инфицирање, токму Песков има речено дека Кириленко не бил блиску до Путин.

Забрзано ширење на вирусот

Самиот претседател беше „доброволно во карантин“ во текот на април, во неговата резиденција во близината на Москва.

Русија долго време се опираше на пандемијата и ја уверуваше светската јавност дека „ситуацијата е под контрола“. Работите се изменија наеднаш, кога градоначалникот на Москва јавно призна дека состојбата со вирусот е многу потешка отколку што тоа јавно се прикажува, а дека бројот на заболените е многу поголем.

Карантин во Москва, а потоа и во целата држава беше воведен по посетата на претседателот Путин на една московска болница, каде се лекуваа заразени пациенти, кога облечен во специјален скафандер има разговарано со главниот лекар на болницата. За лекарот, по тоа беше речено дека и самиот заболел од вирусот.

Путин за прв пат се појави во јавноста на 9 мај, за денот на победата, кога во рускиот главен град им оддаде почит на жртвите од војната. За тој ден цела една година се подготвуваше грандиозна воена парада која се откажа токму поради пандемијата.

Пациенти од Ковид жртви во пожар

Повеќе од 232 илјади лица во Русија се заразени со коронавирусот. Веќе пети ден по ред, во земјата се регистрираат по над десет илјади новозаразени лица. Меѓутоа, бројот на починатите останува низок – официјално нешто над 2100 пациенти.

Пандемијата има длабоко навлезена и во самата руска влада. Прво заболе премиерот Михаил Мишустин кој од карантин потоа е префрлен во болница на лекување. Потоа, министерот за градежништво Владимир Јакушев, а по него и министерката за култура Олга Љубимова.

Некои домашни медиуми, а пред се, интернет изданија, обвинуваат дека на стартот власта има направено низа грешки, дека целосно неподготвена влегла во борбата со пандемијата, посебно без опрема за медицинскиот кадар и без респиратори за болните.

Се смета дека лошата организација на здравството е причина и за несреќата во една болница во Санкт Петерсбург во која загинаа петмина пациенти кои се лекуваа од Ковид-19. Сите изгореле во пожарот што (велат) го има предизвикано краток спој на електриката за напојување на респираторите.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе