Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Грција – Плажи со корона заштита

Netfalls/Bigstock.com

Грција – Плажи со корона заштита

Грчката влада одлучи од овој викенд одново да  отвори 515 плажи што досега беа целосно затворени и забранети за користење, како една од мерките за одбрана од пандемијата со коронавирусот. Со истата владина одлука и натаму остануваат „затворени“ сите т.н. „диви“ плажи низ земјата кои ќе бидат надгледувани од полицијата.

Но, отворањето на плажите што доаѓа многу подоцна од обично, нема да значи враќање во нормала, како што тоа било пред избувнувањето на епидемијата и како на тоа се навикнати Грците и сите странски посетители и гости. Овој пат плажите се отвораат со строго пропишани мерки за заштита од корона.

Прво, сопствениците на плажите или оние кои управуваат со нив сега ќе мораат да го евидентираат бројот на гостите , а тоа значи дека на плажите не смее да има повеќе од 40 посетители на илјада квадратни метри површина.

Ограничувања на секој чекор

Минималната оддалеченост меѓу чадорите за сонце (од платно, или направени од друг материјал) не смее да биде помала од четири метри. Под чадорите, може да има само по две креветчиња (или лежалки) за сончање кои мора да се меѓусебно разделени на најмалку едем метар.

Секоја плажа сега ќе мора да има редари кои ќе надгледуваат дали се почитуваат овие мерки и ќе имаат право да реагираат. По заминувањето на гостите- употребуваните лежалки мора да се извлечат и веднаш темелно да се дезинфицираат. Луѓето кои ги опслужуваат плажите и редарите ќе мора постојано да носат заштитни маски на лицето.

На грчките плажи (за ова лето) е забрането служење храна и пијалак по маси во рестораните и бифеата. Масите и столиците ќе мора да бидат тргнати , храната ќе биде спакувана, а гостите ќе ја земаат самите, чекајќи во ред и притоа спазувајќи ја безбедносната дистанца од два метри.

Нема собирање во групи

Забрането ќе биде точењето алкохол, носењето храна по нарачка од ресторани  надвор од плажата. Не смее да има собирање на гостите во групи, а ниту бавење со било кој спорт во кои има близок контакт.

Плажите во Грција, за прв пат, ќе имаат работно време и не ќе може да се користат пред осум часот наутро, иако властите гарантираат дека песокот, морската вода и воздухот се чисти и безбедни. Посебни мерки се предвидени за хигиената на плажите, а посебно на тоалетите.

Грција која на секој начин настојува да не ја загуби целосно годинешнава туристичка сезона, затоа што оваа гранка има големо значење за вкупната економија на земјата, сепак, се уште ја нема отворено државата за сите внатрешни патувања- не само за странците и туристите, туку и за домашното население.

Сезонските хотели нема да работат

Островите и натаму се во „изолација“ затоа што до нив не може да патуваат луѓе кои не живеат таму постојано. Оваа забрана ќе  биде на сила барем до крајот на овој месец, кога се очекува да биде обновен бродскиот сообраќај. Но и тогаш нема да биде како порано – бродските линии ќе работат во услови на санитарно-заштитни мерки против корона и со половина капацитет кога станува збор за бојот на патниците.

Од почетокот на идната недела Грците ќе може да патуваат меѓу населените места во копнениот дел од земјата и на Крит. Сега, луѓето може да се движат само во рамките на околијата во која живеат.

Хотелите ќе се отворат дури од 1 јули, но не сите, туку само оние кои работат во текот на целата година. Сезонските хотели ќе останат затворени. Условите под кои ќе работата Грција ќе ги усогласува со оние што ќе ги определи Европската комисија, водејќи пред се, сметка за здравјето и за безбедноста на персоналот во хотелите и на гостите.

Тоа ќе значи строго придржување на хигиената, носење заштитни маски на лицето, одржување дистанца од најмалку два метри, секако, помалку гости од капацитетот на хотелот, што значи дека ниту еден од нив не смее да биде целосно исполнет. Потоа инсистирање на крајно ограничен контакт на персоналот и на гостите, но и на самите гости- едни, со други.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе