Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

“Europe shine a light”

“Europe shine a light”

Евровизија која секоја година, уште од 1956 година, го организира го натпреварувањето за најдобра песна, годинава, за прв пат, го откажа Евросонг-2020, поради избувнувањето на пандемијата со коронавирусот. Битката со вирусот се уште трае, но Европската радио-дифузна унија одлучи датумот за фестивалот (16 мај) да не остане празен, па се реши Холандија, земјата што требаше да биде домаќин на Евросонг – да биде домаќин на специјалната европска забавна програма.

Програмата носи наслов „Europe shine a light”, според насловот на британската песна „Love shine a light” која победи во 1997 година. Специјалното евровизиско шоу ќе биде емитувано од Хилверсум, и во него ќе учествуваат сите земји што се пријавија за годинешнава евровизиска песна, со пејачите кои требаше да се натпреваруваат за да се изборат за финалето, во Ротердам, во сабота вечер, во 21 часот.

Сите тие сега ќе изведат само делови од несудените евровизиски песни, правени за откажаното натпреварување во големата сала во Ротердам. Шоуто нема да има натпреварувачки карактер, на него нема да се гласа и нема да има победник.

На програмата ќе настапат и низа пејачи кои порано учествувале на Песната на Евровизија. Тие ќе ги изведат песните кои го имаат обележано фестивалот во изминатите години, лоцирани од разни делови на Европа, значајни за Евросонгот.

Од студиото во Хилверсум програмата ќе ја водат несудените водители на откажаниот евровизиски фестивал кои заеднички ќе ја испеат песната по која е наречена и целата програма, придружени од виртуелен хор на евровизиски фанови. Најавено е дека 45 држави ќе ја пренесуваат оваа забавна програма.

Евросонг се префрла за идната 2021 година. Одново домаќини се Холандија и Ротердам, а Евровизија најави дека земјите учеснички може да ги пријават пејачите и групите кои требаше да учествуваат годинава, но со нова песна. Досега 14 држави потврдија дека така ќе постапат- овозможувајќи им настап догодина на оние кои требаше да пеат оваа година.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе