Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Маски против корона за во ресторан

AndreyPopov/BigStock.com

Маски против корона за во ресторан

Група израелски технолошки експерти имаат создадено специјална маска за лица, за заштита од коронавирусот, што може да се има на себе и при земање храна!

Станува збор за маска со далечинска контрола на отворот за устата.

Тоа значи дека лицето кое има ваква маска може да биде безбедно дека нема да биде заразен од вирусот, а при тоа ќе може да се храни на јавни места и како што велат творците на овој пронајдок – да ужива во јадењето. Целта на еден ваков изум била да им се овозможи на луѓето да излезат од домовите и слободно, без грижа од коронавирусот, да посетуваат ресторани.

Ваквата маска, инаку, работи н принципот на кој работат и сопирачките на велосипедите – со притискање на една мала рачка се отвора предниот дел од маската и се прави отвор за внесување на храната.

„Маската може да функционира, односно да работи механички, со притискање на рачката, но може и автоматски. Кога лажицата, или вилушката ќе се приближат до маската„ – рекол претставник на фирмата која го има креирано овој технолошки изум „Автипус патенти“.

Тој објаснил дека кога вилушката, или лажицата се извадат од устата, маската автоматски ќе се затвори. На тој начин, оној кој ја има на себе, сега ќе може да посетува ресторани и таму да јаде, не стравувајќи за своето здравје.

Фирмата најавила дека ваквите маски ќе се појават на израелскиот пазар во следните неколку месеци. Не е познато дали ќе се понудат и на меѓународниот пазар.

Во Израел од корона се заразени без малку 17 илјади лица. Од овој вирус досега се починати околу 280 пациенти.

 

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе