Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Додик ја прислушува опозицијата!

Додик ја прислушува опозицијата!

Членот на Претседателството на БиХ од Република Српска, Милорад Додик, инаку неприкосновен лидер во овој ентитет на Србите во државата, изјавил дека власта ја прислушува тамошната опозиција и дека и тој самиот има прислушувано тајно снимени разговори на опозициските пратеници во локалната Скупштина.

Ваквото признание на овој политичар од БиХ го има дадено на официјална седница на Скупштината (Парламентот), од нејзината говорница.

„А, која тоа власт не ја прислушува опозицијата. И јас има слушано снимени разговори и имам право да го правам тоа“

…рекол Додик, налутено дофрлајќи му на еден од пратениците од опозициските редови дека доколку сака, би можел да му донесе снимки на кои би можел да слушне што зборуваат за него!!

„Јас одлучувам за се“

Додик кој е познат по својата груба ароганција и кој никогаш не ја сокрива авторитарноста на власта во овој ентитет, каде долго време беше претседател, на седницата дошол без најава, ниту пак било предвидено да присуствува.

Според локалните медиуми, тој излегол на говорницата и на неа останал цел еден час, прекорувајќи ги сите по ред – прво, локалниот министер за внатрешни работи, па потоа и премиерот, а на крајот и претседателот на Скупштината.

Министерот го прекорил што не реагирал на прашањето од редовите на опозицијата, за тоа дали е точно дека тајно се прислушуваат разговорите на нејзините пратеници, прашувајќи – „дали се вистински снимките што му ги испраќа за да ги слуша“!

„Ако се вистински, тогаш зашто молчиш. Тие (опозициските пратеници) не треба да се тепаат, едноставно треба да им се каже да одат по ѓаволите, затоа што само создаваат проблеми.”

…рекол Додик. Остро го прекорил и претседателот на Парламентот што воопшто им дозволува на тие од опозицијата да зборуваат, а потоа додал…

„И онака за се овде јас одлучувам, па тогаш барам сите нивни дискусии и барања да се избришат од записникот.”

Злоупотребена вонредна состојба?

Седницата, инаку, била посветена на вонредната состојба во Република Српска воведена на 28 март поради пандемијата со коронавирусот.

Расправата била околу тоа дали да се укине, а членот на Претседателството на БиХ инсистирал дека во текот на вонредната состојба „се било перфектно и без грешка“.

Опозицијата приговарала дека таквата состојба била злоупотребувана, па тука се отворило и прашањето за прислушувањето.

Милорад Додик, во секој случај, не е налик на оние од поранешната режимска власт во Македонија и на избеганиот затвореник – екс премиер, кои продолжуваат да лажат и да се обидуваат да се извлечат од вината на разни начини.

Постојано тврдејќи дека такво нешто немало, туку дека, наводно, се она што јавноста во Македонија го слушна – било „сечено, лепено и монтирано“ – од тогашната опозиција.

Додик како вистински авторитарен „газда“ на Република Српска, самиот признава што таму се прави.

Признава и дека слуша што зборува опозицијата, па уште тој им нуди снимки – за да знаат што се зборувало за нив!!

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе