Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Во долна облека негува корона пациенти

Во долна облека негува корона пациенти

Една медицинска сестра од Русија, ангажирана да негува пациенти заразени со коронавирусот предизвика интерес и внимание какво досега не предизвика ниту една друга нејзина колешка.

Фотографијата на сестрата, направена на работното место, со голема брзина го има заобиколено светот.

Причината за тоа е само затоа што сестрата, во болничката соба, полна со пациенти, подготвува терапија за нив – облечена само во својата долна облека.

На фотографијата, направена од непосредна близина, таа на главата е сосема прописно облечена – главата и лицето и се целосно покриени, а на очите има специјални очила. На себе го има и  мантилот од проѕирен винил-пластика, какви носат медицинските сестри низ болниците по светот во кои се лекуваат болните од овој вирус.

Но, оваа Русинка под тој неопходен, заштитен мантил ја нема својата сестринска униформа, а ниту некоја друга облека, освен брусхалтер и гаќички, што се мошне видливо прикажани.

Идентитетот на сестрата не е познат. Се знае само дека фотографијата била направена во болницата во градот Тула.

Не се знае ниту тоа како снимката е направена, затоа што видливо е дека нејзе не и пречело што ја сликаат. А, ниту тоа како се случило да работи без малку гола.

Можеби во болницата тој ден било многу жешко, што, пак, не може да се заклучи по пациентите.

Останува уште да се разбере како поминале пациентите од коронавирусот по примената терапија од сестрата, како и тоа дали можеби некои од нив останале премногу возбудени.

Медиумите, меѓутоа, јавуваат дека управата на болницата, а и тие над нив, биле „многу гневни“ кога ја виделе сликата на својата вработена.

Во кусата изјава, управата соопштила дека сестрата ќе биде казнета затоа што ја „прекршила работната дисциплина“ – не носела униформа определена  за медицинските сестри.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе