Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Европа го забрани „лекот на Трамп“

shganti777/BigStock.com

Европа го забрани „лекот на Трамп“

Владите на европските држави одлучија да се забрани натамошната употреба на лекот „Хидроксиклоракин“. Овој лек вообичаено се користи за лекување на болни од маларија, но во екот на се уште актуелната битка со коронавирусот, тој се употребуваше и како лек против болеста Ковид-19.

Лекот стана познат низ светот како „лекот на Доналд Трамп“, откако американскиот претседател на една прес конференција во Вашингтон, призна дека на своја рака, го зема превентивно „Хидроксиклоракинот“.

Во таа прилика, Трамп има речено дека го земал лекот и покрај предупредувањата на неговите лекари, верувајќи дека може да му помогне да ги ублажи последиците од коронавирусот, доколку случајно се зарази.

Запрени истражувања

Последни лекот го забранија Франција, Италија и Белгија, откако Светската здравствена организација (СЗО) објави дека престанала со испитувањето на неговата ефикасност (против вирусот) од безбедносни причини.

Британската агенција за лекови, која самата за себе имаше покренато посебна истрага за лекот, одлучи да ја прекине, само после една недела од започнувањето на истражувачката работа.

„Сите истражувања околу влијанието на лекот врз Ковид ќе останат под силна контрола, затоа што првично се истражуваат сите можни ризици“ – објави британската комисија.

На почетокот од пандемијата со овој вирус, беше објавено дека овој лек, инаку познат на лекарите за лекување на сосема друга болест, може да помогне и при терапијата на пациентите заболени од Ковид.

Опасен за срцевиот ритам

Во меѓувреме, претседателот Трамп покрена една крајно невообичаена за еден политичар кампања во одбрана и популаризација на лекот.

Лекари во низа земји почнаа да го употребуваат во борбата со коронавирусот, а весниците во САД тврдат дека „не мал број државници низ светот, го копирале Трамп и на своја рака го користеле лекот“.

Анализите што почнаа да се прават низ лабораториите по светот, меѓутоа, покажаа дека користењето на „Хидроксиклоракин“ за лечење болни од Ковид, може да биде опасно за болните, затоа што предизвикува контра индикации.

Лекарите беа советувани да го употребуваат многу внимателно, затоа што пациентите различно реагират по неговата употреба. Медицинското списание „Лансет“ објави дека лекот за маларија може да го оштети срцето, а посебно срцевиот ритам и да доведе и до трагични последици кај пациенти заболени од Ковид-19.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе