Поврзете се со нас

Skopje Global

Минеаполис во пламен!

Американскиот град Минеаполис е поприште на улично насилство и на жестоки судири на полицијата и демонстрантите, после (засега), не до крај разјаснетата смрт на еден невооружен локален афро-американец.

Демонстрантите фрлаат камења и прават барикади, но и подметнуваат пожари и ги пљачкосуваат продавниците по улиците низ кои минуваат, земајќи се што ќе им се најде при рака. Полицијата се брани употребувајќи солзавец, па до сега нема извештаи за загинати, или за посериозно повредени.

Градоначалникот на Минеаполис, меѓутоа, неколкупати досега има упатено апели за смирување на ситуацијата. Според медиумите во САД тој го известил гувернерот на сојузната држава Минесота, да ја подготви Националната гарда за да интервенира, доколку работите излезат од контрола.

Со коленото на вратот

Претседателот Доналд Трамп веќе реагираше со изјава од Вашингтон, барајќи од полицијата и од ФБИ во најкус рок да се разреши инцидентот и да се открие вистината, за да се спречи ширењето на немирите.

Но, тие веќе се имаат раширено низ неколку сојузни држави. Во Калифорнија  црнечки активисти и разни организации кои се борат против полициската бруталност, блокираат патишта, барајќи  апсење и судење на полицајците кои сега се само суспендирани од работа.

Незадоволството и немирите избувнаа откако Џорџ Флојд (46) починал во текот на неговото апсење.

На интернет се појавија снимки од тие критични моменти, на кои се гледа како Флојд лежи на тлото, додека еден полицаец-белец го притиска со своето колено во вратот.

 

Сликите покажуваат дека Флојд се обидува да дојде до здив, барајќи од полицаецот да го тргне коленото и како го моли да не биде убиен. Се слуша и како луѓето кои се нашле во тие моменти на улицата, бараат од полицајците да го пуштат човекот.

На истата таа снимка, подоцна, се гледа дека Флојд повеќе не реагира.

Фалсификувани пари?

Овие снимки сега се главниот доказ за обвинувањата против полицајците и за гневот на демонстрантите. Градоначалникот веќе има побарано од локалниот обвинител против полицаецот да се покрена и кривична одговорност.

Во соопштението на полицијата се вели дека тие добиле дојава оти Флојд во своето возило превезува лажни, фалсификувани пари. Бил запрен од полициска патрола, а кога излегол од возилото се спротивставувал на апсењето.

Полицајците тврдат дека му ставиле лисици на рацете и кога помислиле дека состојбата е под контрола, забележале дека човекот има здравствени проблеми.

Претставник на локалното обвинителство, како и на ФБИ во Минесота изјавиле дека случајот на починатиот Флојд има примарно значење за нивните оперативци.

Засега сите тие смирувачки најави немаат ефект на јавноста и на демонстрантите.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе