Поврзете се со нас

Skopje Global

SpaceX/NASA

Историско лансирање на „Спејс Икс“

Од вселенскиот центар на НАСА во Флорида, беше лансирана ракетата “Фалкон 9“ на приватната компанија на американскиот милијардер Елон Маск, во рамките на мисијата означена како „Спејс Икс“.

Ова е прв пат во историјата, една ракета-носач и нејзината капсула да бидат изградени со приватни пари, за да со нив во вселената бидат испратени астронаути.

Ова лансирање е извршено по без малку девет години, од последното испраќање на една човечка посада во вселената од територијата на САД. НАСА последен пат лансираше свое летало во јули 2011 година. Тогаш беше испратено леталото „Шатл“, по што беше „пензионирана“ целата програма.

„Драгон” со двајца астронаути

Во капсулата „Драгон“ (Змеј), лансирана со ракетата „Фалкон 9“, се наоѓаат двајца астронаути на НАСА – Даг Харли и Боб Бенкен. Тие за околу 19 часови треба да пристигнат до Меѓународната вселенска станица (ИСС).

Лансирањето беше извршено во 21,22 часот по Средноевропско време, во саботата, на 30 мај, откако еднаш полетувањето беше откажано во последен момент. „Спејс Икс“ требаше да тргне во средата, но се откажа поради лошото време над Флорида и стравувањето од можни силни грмотевици над вселенскиот центар „Кенеди“.

Опасност од откажување имаше и во саботата, но на крајот беше дозволено лансирање кое потоа успешно беше изведено.

Капсулата е показател на новото време и на комплетно новата технологија, па таа е целосно автоматизирано летало. Опремена е самата да го најде својот пат до Вселенската станица, но за секој случај, двајцата пилоти се истренирани за да може (ако затреба) рачно да пилотираат со „Драгонот“.

Тач-скрин команди

За прв пат до сега во вселенските летови со човечка посада, пилотите Харли и Бенкен се среќаваат со сосема нови летачки команди- сите панели на леталото се со тач-скрин манипулација.

Во досегашната историја на вселенски летови, со астронаути, учествувале само три држави – САД, Русија и Кина. За прв пат, еден ваков лет се изведува од приватна компанија.

Што се однесува до НАСА, која има испратено посади со луѓе и на Месечината, изгледа, дека оваа агенција трајно се има откажано од лансирање свои летала во вселената.

Многу е веројатно дека НАСА во иднина ќе се користи само како агенција која ќе работи за други, пружајќи им „такси услуги“. Според американските медиуми, Агенцијата веќе имала направено договор за една таква услуга со компанијата „Боинг“.

По традиција, двајцата пилоти на „Спејс Икс“ требаше да му дадат име на својот лет.

Тие се одлучиле овој пат тоа да е името – „Endeavour”, според името на бродот-истражувач на британскиот морепловец Џејмс Кук кој во 18 век допловил и ја истражувал Австралија.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Технологија

Горе