Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Маж кој бил жена, ќе се породи од жена која била маж!

Маж кој бил жена, ќе се породи од жена која била маж!

Една трансгерендна двојка од Колумбија, стана светска атракција и вест што го обиколува светот, откако се разбра дека од таа врска наскоро ќе се роди дете. И дека бебето ќе го роди сопругот на жената која, иако е сопругата во оваа врска – всушност- е таткото на детето.

Таа е родена како машко. Тој, пак, се родил како женско. Сега (како маж) е во осми месец бременост, а бебето било зачнато по природен пат.

Станува збор за колумбиската трансгерендна манекенка Дана Султана. Пред да се трансформира во жена, Дана била маж.

Сега на социјалната мрежа Таа (Тој) има поставено неколку фотографии на кои се гледа нејзиниот сопруг (поранешна жена) – кој сега се нарекува Естебан – со стомак на бремена жена. Тој (Таа) е пред породување, очекувајќи на свет да донесе – лекарите велат – здраво машко бебе.

Бебето е зачнато по природен пат, затоа што при менувањето на полот и обајцата ги имаат задржано органите со кои се родиле. Сепак, како сега стојат работите, излегува дека сегашниот маж и сопруг, забременил од својата (сега) жена и сопруга!

Колумбиските медиуми пишуваат дека двојката „била пресреќна, очекувајќи го породувањето“. Сето тоа го објаснуваат едноставно – порачувајќи дека љубовта е љубов.

Манекенката Дана која ја открила ваквата љубов, на социјалните мрежи се има фотографирно со сопругот како го бакнува во стомакот – каков што (нормално) имаат жените во осмиот месец од бременоста.

Лекарите имаат изјавено дека бременоста е нормална.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе